Како да станам член?

Што е потребно за да станам член на планинарскиот клуб Македон?
Најпрво е потребно да ја сакам планината и природата, а потоа да имам желба да одам на планина и да се дружам со луѓе со кои вистински ќе ја доживеам и откријам и тоа во правилна насока без разлика дали кон планината ќе настапам професионално со цел постигнување врвни резултати или едноставно ќе бидам тука за да уживам во убави прошетки и дружења.

Потоа за да бидам дел од Македон се плаќа членарина еднаш годишно и таа изнесува 350 денари со вклучено осигурување за одење во планина до 3000 мнв. Потврда од спортска медицина дека сте способни за спортски активности не е потребна, меѓутоа се препорачува еднаш годишно да се оди на преглед. Чланарината треба да се уплати преку уплатница (ПП10), примач ПК Македон, банка на примач - NLB Тутунска банка, и жиро сметка - 210063535500109. Доколку не располагате со планинарска книшка за истата се доплатува уште 50 денари.


Изглед на уплатница и што треба да се пополни


Изглед на планинарска книшка

Sky Bet by bettingy.com

За нас

Logo Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Наш најистакнат член е... Повеќе