Sky Bet by bettingy.com
  1. Македонија
  2. Европа
  3. Свет

Бегово поле - 2008-2012

Пет години по ред ПК Македон успешно ја организираше масовната планинарска забава на Бегово Поле на Јакупица. Настанот почнувајќи од 2013 година е преместен на падините на Бистра во селото Беличица и се организира во втората половина на месец јуни. Повеќе...

Планинарска забава во Беличица

Првата планинарска забава на Беличица се одржа викендот 22-23.06.2013 година, како продолжение на низата успешни забави на Бегово Поле. Оваа забава претставува традиционална клубска активност и се организира во втората половина на јуни, на падините на планината Бистра. Повеќе...

Учество на традиционални планинарски настани


Покрај самостојните акции, клубот редовно е присутен и на сите позначајни организирани традиционални планинарски настани во нашата земја. Меѓу нив може да ги издвоиме: маршот во чест на Димитар Илиевски-Мурато на Пелистер, традиционалното искачување на Голем Кораб по повод денот на независноста, маршот “4 алпинисти“ на Солунска Глава, традиционалните искачувања на Љуботен и Титов Врв, пролетниот марш Богомила-Водно, февруарскиот поход на Плачковица и многу други.

Елбрус 5642 мнв. (2013 година)

2013 година Успешно искачување на највисокиот врв во Европа, Елбрус 5642 мнв, од страна на членовите на ПК Македон: Петар Ивановски, Дејан Атанасов, Душко Христов и Виктор Симовски. Искачувањето беше реализирано во рамки на експедицијата на ПД Балкан од Србија.

Мон Блан 4810 мнв. (2008, 2012 и 2013 година)

2008 година. Искачување на Николчо Петров (ПК Македон) заедно со Мине Павловски – рута Де Гуте, 26.08.2008
2012 година. Искачување на двајца членови на ПК Македон, Александар Кирковски и Петар Ивановски, на 31.07.2012 по рутата Де Гуте Повеќе...
2013 година. На 31.07.2013 успешно искачување на врвот по рутата Де Гуте од страна на Александар Кирковски, Јордан Топкоски, Ане Тошевска, Марија Хаџи-Ристова и Дамир Смајловиќ

Цумштајншпиц 4563 мнв. (2011 година)

2011 година. Искачување на врвовите Цумштајшпиц 4563 мнв и домот Маргарита 4554 мнв на масивот Монте Роса од италијанска страна, од страна на Дарко Јанески, Александар Кирковски и Андреј Новак. Повеќе...

Матерхорн 4477 мнв. (2012 и 2013 година)

2012 година. На 22.08.2012 година Дејан Крле (ПК Македон) заедно со Зоран Мајсторски (АК Плоча) успешно го искачија врвот по гребенот Хорнли. Повеќе...
2013 година. Искачување на врвот од швајцарска страна по гребенот Хорнли, од страна на Александар Кирковски (ПК Македон) и Бојан Митаноски (ПК Кораб), изведено на 21.07.2013 година. Повеќе...

Гросглокнер 3798 мнв.

2015 година - Искачување на Гросглокнер (3798 мнв) Од 13-19.07.2015 ПК Македон организираше акција за искачување на највисокиот врв во Австрија - Гросглокнер (3798 мнв.). Учесници на акцијата беа Александар Кирковски, Дејан Тодевски и Димитар Јовановски Повеќе...

Мусала 2925 мнв.


ПК Македон уште од своето формирање секоја година организира искачувања на највисокиот врв на Балканот, Мусала 2925 метри. Досега се реализирани поголем број на успешни искачувања на овој врв, како во летни така и во зимски услови.

Олимп 2918 мнв.

Секоја година ПК Македон во месеците јуни/септември организира искачување на највисокиот врв на планината Олимп, Митикас 2918 мнв. На овие планинарски акции од страна на членовите на ПК Македон искачени се и врвовите: Стефани, Сколио и Скала.
2013 година - зимско искачување на Митикас 2918 мнв. На 23.03.2013 година, успешно искачување на Митикас 2918 мнв во зимски услови, од страна на Александар Кирковски и Един Никшиќ Повеќе...
2015 година - зимско искачување на Митикас 2918 мнв. Од 9-11 јануари 2015 ПК Македон организираше искачување на врвот Митикас (2918 мнв) на Олимп. Учесници на акцијата беа Дарко Атанасовски, Дејан Тодевски, Нина Маркудова, Бојан Павлов, Блаже Ташков и Александар Кирковски Повеќе...

Пирин планина - Вихрен 2915 мнв.

ПК Македон досега има реализирано неколку успешни искачувања на највисокиот врв на планината Пирин, Вихрен 2915 мнв, како и на останатите повисоки врвови на оваа планина.
2015 година - искачување на Вихрен преку Џамџиев раб На 17.01.2015 година се изведе успешно искачување преку Џамџиев раб на врвот Вихрен (2914 мнв) на Пирин планина ПК Македон од страна на Александар Кирковски, Дејан Тодевски и Един Никшиќ Повеќе...
2015 година - искачување на Вихрен по нормална рута Од 16-18.01.2015 ПК Македон организираше искачување на Вихрен по нормална рута. Учесници на акцијата беа Петар Ивановски, Димитар Павловски, Дејан Битола и Даниел Десковски Повеќе...

Триглав 2864 мнв. (2010, 2012 и 2013 година)

2010 година - Кратка Немшка IV/800 метри. Алпинистичка акција на северната триглавска стена и успешно искачување на една од насоките, од страна на Јован Попоски, Дејан Крле, Тања Пенева, Ивана Младеновска Повеќе...
2012 година - зимско искачување. Успешно искачување на врвот во зимски услови на 17.03.2012 година од страна на Андреј Новак, Александар Кирковски, Атанас Стојковски и Дарко Јанески Повеќе...

Ленин Пик 7134 мнв. (2011 година)

Учество на Николчо Петров (ПК Македон) на експедицијата на БМУ на Ленин Пик 7134 мнв, на планинскиот масив Памир во Киргистан.

Аконкагва 6963 мнв. (2010 година)

Успешно искачување на највисокиот врв на Андите, воедно и највисок врв надвор од Азија, од страна на Глигор Делев и Слободан Делев. Повеќе...

Хималаи (2009 година)

Учество на Николчо Петров на експедиција на Хималаите и успешно искачување на врвовите Ајланд Пик 6189 мнв и Чукунг Ри 5550 мнв. Повеќе...

За нас

Logo Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Наш најистакнат член е... Повеќе