Основна патека

Основна патека на трансверзалата

Основната патека на трансверзалата е обележана со црвена и бела боја, покрај трасата на патеката поставени се 2 Информативни табли и 10 Патоказни табли. Вкупна должина на патеката е 51,4 км.

Во Драчево на раскрсницата на ул. Драчевска со патот кон с. Горно Количани, од внатрешна страна на стовариштето на ЈП „Македонски шуми“, поставена е Информативна табла. Оваа точка е почетната на трансверзалата.

Од Информативната табла во н. Драчево до почетокот на основната планинарска патека може да се стигне со возило по 8,6 км асфалтен пат (можно е во иднина уредување на пешачка патека до с. Горно Количани).

Во с. Горно Количани се наоѓа патоказна табла на почетокот на планинарската патека кон план. дом „Китка“, на околу 630 мнв. Од тука движејќи се главно по шумски предели на северната падина на Китка, прво во југозападен правец кој потоа продолжува на југ, потоа патеката се движи во југоисточен правес се додека не излезе на шумски пат по која се стигнува до план. дом „Китка“ на 1325 мнв каде има патоказна табла, овој дел од патеката е долг 6,6 км.

Од план. дом „Китка“ патеката оди во југозападен правец главно по шумски пат со можност за две скратувања низ шумата. Се излегува на асфалтен пат во месноста Преслап на околу 1000 мнв. Должината на овој дел од патеката изнесува 3,7 км.

Од Преслап се поминува покрај патоказната табла и прво се оди по шумски пат во југозападен правец. Потоа следува спуштањето низ шума до Кадина река, реката се поминува по мост направен од дрвени облици. Понатаму следува искачување кон с. Алдинци. После с. Алдинци патеката прво го сече неколку пати патот за да потоа напоредно со тој пат се стигнува до план. дом „Караџица“ на 1450 мнв. Патоказната табла се наоѓа покрај самиот пат пред домот. Должината на овој дел од патеката изнесува 7,8 км.

Од план. дом Караџица патеката води цело време по патот до месноста Демирови ливади и споменикот на руските пилоти на околу 1570 мнв, под врвот Сипичан. Патоказната табла е поставена покрај патот од страната на Демирови ливади. Должината на овој дел од патеката изнесува 5,4 км.

Од споменикот на руските пилови патеката и понатаму се движи по патот, првин во правец југоисток а потоа југозапад се до месноста Дуње каде има неколку објекти, на околу 1750 мнв. Патоказната табла е поставена пред самите објекти. Должината на овој дел од патеката изнесува 3,8 км.

Од месноста Дуње патеката продолжува уште малку по патот а потоа се влегува прво во листопадна шума, и понатаму во иглолисна. Се оди во правец на југ. Патот кој тука оди во цик-цак е цело време од левата страна. По излегувањето од иглолисната шума патеката го пресекува патот кој оди со до врвот Солунска глава, и излегува на Горно Бегово поле кај неактивниот план. дом „Исак Русо“ на околу 2000 мнв. Патоказната табла се наоѓа веднаш до самиот дом. Должината на овој дел од патеката изнесува 2,4 км.

Од Горно бегово поле патеката првин оди покрај самото поле а потоа се качува повисоко низ ниска иглолисна шума. Во овој предел има неколку куќички кои можат по потреба да се користат како заслони. Потоа се излегува на преслапот под самиот врв Солунска глава каде има обележано хелиодром. Патоказната табла е поставена пред да се стигне до оградата. Солунска глава е највисока точка на трансверзалата со 2540 мнв. Должината на овој дел од патеката изнесува 3,9 км.

Откако ќе се заобиколат објектите на врвот покрај оградата, следува спуштање во правец југ по патеката која води десно од Нежиловските карпи, алпинистички локалитет. По поминувањето на карпите патеката свртува во југоисточен правец дп месноста Горна Бабина дупка и понатаму до Долна Бабина дупка каде влегува во висока шума се до план. дом „Чеплес“ на 1450 мнв. Патоказната табла е поставена после домот, веднаш под самиот пат. Должината на овој дел од патеката изнесува 7,7 км.

По план. дом Чеплес патеката го сече шумскиот пат кој води до с. Папрадиште, и се спушта кон долот, се поминува раскрсница, од неа во лево се одвојува патека кон. с. Нежилово. По стигнувањето во долот патеката оди кратко по шумскиот пат а потоа по изохипса во правец југоисток кон с. Папрадиште. Овој дел од патеката завршува во Папрадиште кај чешмата под планинарскиот дом, каде што е поставена Информативна табла, на околу 960 мнв. Должината на овој дел од патеката изнесува 4,6 км.

Од с. Папрадиште патеката води покрај асфалтниот пат со можност за едно скратување низ шумата. По одвојувањето на ода патот над тунелот на железничката пруга повторно патеката кратко води покрај асфалтниот пат кон Богомила, и потоа сечејќи го тампонираниот дел од регионалниот правец кон с. Стровија се упатува кон железничката станица на с. Ореше каде што е поставена последната Патоказна табла. Должината на овој дел од патеката изнесува 5,5 км.

Sky Bet by bettingy.com

За нас

Logo Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Наш најистакнат член е... Повеќе