Домот Беличица се наоѓа на надморска височина од 1,450m на зелените падини на планината Чаушица, во срцето на националниот парк Маврово. Планината Чаушица всушност е дел од планинскиот масив на Бистра, со заедничкиот врв Меденица (2,169m).

Веднаш под домот се наоѓа селото Беличица, поврзано со 4.5km асфалтен пат од с. Трница кое се наоѓа на регионалниот пат Маврово-Дебар. Селото преку зимата нема постојани жители, додека во летниот период е населено со љубезни и гостопримливи домаќини.

Селото има херојска историја и над домот се наоѓаат спомен гробишта на жители од селото кои во Втората светска војна биле убиени од страна на Балистите. Во самиот дом има уредено катче во чест на загинатите жители од селото.

Домот е окружен со густа букова и зимзелена шума низ која течат студени потоци, бликаат извори, цветаат зелени ливади. Шумите изобилуваат со див животински свет. Сртот над кој почнуваат широките планински пасиштата со поглед на целиот Корабски масив се наоѓа на само 250m надморска височина над домот.

Од 2013-та година во викендот кој е најблиску до најдолгиот ден во годината (околу 22 Јуни), во организација на ПК Македон, се изведува традиционално пешачење до врвот Меденица, а во вечерните часови околу домот се одржува забава под ѕвездено небо.

Домот е во фаза на реновирање и негово оспособување за редовен престој на планинари и љубители на природата.

За време на престојот во Домот, посебна грижа се посветува на чувањето на природната околина со почитување на правилата кои важат за Националниот парк Маврово.

Локација

Галерија

View the embedded image gallery online at:
http://makedon.mk/pd-belicica#sigFreeId6f89406e8d
Sky Bet by bettingy.com

За нас

Logo Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Наш најистакнат член е... Повеќе