Љуботен, декември 2008

08.12.2008 година, понеделник, ден неработен, празник дупли, Св. Климент и прв ден Курбан Бајрам. Редно е да се одбележи како што треба. Договор беше групата која је пријави за денодневната акција на Љуботен да се најде кај „Броз Кафе“ во 07.00 часот. Договорено – сторено. Ние членови на КПС „Македон“ сме точни и така 11 комада планинари со три возила тргнавме кон Старо Село. За евиденција кај секретарот, да се знае, пиши: Мила, Боби, Тања, Аце, Ивана, Мартин, Шаго, Дејан, Даки, Сали и ја Макси како организатор, а водач Мартин.

По наплатната рампа кај Желино, десно кон Лешок, па пак десно кон Старо Село и во 08.40 по среќно паркирање тргнавме кон домот. Времето нагоре ни се погоди, малку облачно, не многу ладно, со повремено сонце, по околу два часа благо пешачење, стигнавме до домот „Љуботен“. По патот го видовме комбето на ПД „Бистра“ од Скопје, што значи дека не сме сами навака.

Пред домот веке почна да се наговестува какво време ке ја прати групата кон врвот – ветер, магла и снег. Температура у граду – минус 10 у хладу. Домарот не беше присатен на своето работно место, едно што не го побарав по телефон, друго, подоцна разбравме, пради тоа што имал гости ниту имал намера да дајде, така да единствено засолниште ни остана за среќа едно мало отворено бунгаловче. Мала соба два са два, два кревета (све во знак на бројката два). Мало ама слатко во тие услови, колку да се окрепиме, засолниме од ветерот.

Група од седум поспремни и поопремени члена си го фати патот кон врвот – пак за евиденција кај Секретарот тоа беа Боби, Аце, Тања, Мартин, Дејан, Даки и Шаго. Ние четворица во логистика се искачивме само до пред сипарот. Толку издржа срце јуначко во тие услови. А условите до тамо ме потсеќаа на пескарење во некоја работилница. Ветер јак многу повеке од умерен, директно од врвот надоле пропратен со врнежи од снег и зачинети со магла. Ако до тука беше така, како ли им е на оние нагоре. Меѓутоа за нивното искуство информација ке добиеме од некој кој бил присатен на врвот.

Надоле си тргнавме по истата патека но нови стапки, бидејки стапките нагоре веке за толку кратко време беа завеани. Добро старо, мало бунгаловче. Ни пружи повторно засолниште. Во меѓувреме до домот се качи уште една група од четири планинари кои поради неповолните услови на патот кон врвот, а и затворениот дом, донесоа мудра одлука да се вратат назад. Малку подоцна, околу 14 часот, лимитирани со време, ние тројца, Ивана, Сали и ја (Макси) си тргнавме полека надоле, кон колите. Е, толку полека идевме што групата од врв не стигна баш пред Старо Село. Ма не е тоа поради недостаток на конциција, туку малку муабет, малку берење шипки, малку што ја утнав кратенката и тоа ке да беше. Али шипките .... прва лига, како мармелад да јадеш.

Пред колите не требаше многу време да се падне договор да се седне на „чај“ во гранапчето во селото, така да бидна: договорено – сторено.

Резиме: во секој случај прави зимски услови за качување, им завидувам на тие што отидоа до врвот, но и целта е секој да оди до каде му се можности и безбедно да се врати назад, без да ја кочи групата. Големо искуство за одење и качување за оние кои прв пат се соочуваат со оваква ситуација, која сигурно ке им користи понатака.

Макси

Макси, Дејан

Sky Bet by bettingy.com

За нас

Logo Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Наш најистакнат член е... Повеќе