Љуботен 01-02 ноември 2008

Според договорот се собравме во сабота попладне во 16 часот, со оглед на тоа што имаше неколку откажувања бевме доволно за во една кола. Мала, ама јака екипа од четири члена на КПС Македон : )

Во Старо Село стигнавме околу 18:30 и веднаш се упативме кон домот осветлувајќи го патот со челните батерии. Движејки се нормално во планинарскиот дом пристигнавме по два часа пешачење односно околу 20:30 часот. Набрзо преминавме на делот разонода потпомогнати од домашното вино и Скопско и дискутирајќи на најразлични актуелни теми. Сето тоа траеше до полноќ по што се упативме на спиење да ги наполниме батериите за искачувањето кое не очекуваше наредниот ден.

Само што почна да се разденува, уште пред 6 часот утрината сите бевме на нозе и по кратките припреми во 6:15 се упативме кон врвот Љуботен. Без многу форсирање горе бевме во 8:20 и по малата пауза решивме да се спуштаме надолу по патеката од кај Козја Стена.
Во планинарскиот дом следеше освежување со мешана салата и квалитетна домашна ракија додека се печевме на ноемвриското сонце. Во ниту еден момент временските услови не не потсетија дека сепак е доцна есен.

Во 15 часот веќе бевме во Старо Село и по околу еден час возење назад во Скопје.

Александар Кирковски

Sky Bet by bettingy.com

За нас

Logo Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Наш најистакнат член е... Повеќе