Миленков камен

Недела 18.10.2009 година. Облачно со огромна шанса да заврне, но сепак договорот за на Миленков камен се испочитува и во седум часот наутро девет души со две коли се упативме за Патишка река.

Меморијал „Појак Калман“

Саботно утро, 4 октомври, сите на зборното место- меѓуградска автобуска станица. По пребројувањето свативме дека 8 члена ја откажаа турата во последен час. Најавуваното лошо време за викендот од страна на метеролозите се исполни. Беше темно и тмурно, по пат за Куманово за цело време не следеше магла, но не заврна. Кога стигнавме таму, сите не осветли и стопли сончевата насмевка на Ваце.

Новогодишен со Мила

Во Саботата, на ден 13 Септември 2008 год. се договоривме следниот ден да одиме на Матка. Иако последниот состанок што го одржавме во понеделникот, имавме желба да тргнеме од Водно кон Свети Никола Шишевски, и таму да направиме логорување, поради временските информации за лошо време (не бевме расположени за дожд), се одлучивме за еднодневна акција на Матка.

МИЈАЧИЈА 30-31.08.2008

Е еве и мене ми падна таа чест да напишам неколку реда за наша акција. Немам големи писателски способности, можда ќе згрешам, ќе голтнам некоја буква но се надевам дека ќе успеам да ви ја пренесам убавината која што јас ја видов, убавината која што постои во оваа наша мала но прекрасна земја, убавина која што јас ја откривам на 45 години, за жал.

Спортско-качувачки камп „Трпејца 08“

КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување „Трпејца 08“ и искачување на врвот Магаро (2245 мнв) на планината Галичица.

Пелистер

На 17.10.2008 год. еден дел од членовите од КПС Македон отидоа на Пелистер. Со возот од Скопје до Битола, па со такси до Хотел Молика. По кратко пешачење стигнаа во планинарскиот дом Копанки каде се сместија.

Рила (Мусала) и Витоша (Црн врв), 26 - 30.09.2008

На крајот од месец септември имавме можност да споиме неколку слободни денови и да ги искористиме за планинарење. Со Душко Христов и Мила Искреновиќ решивме да направиме мини турнеја по бугарските планини Рила и Витоша.

Љуботен - Голем Кораб - Титов врв

По повод Денот на Државноста на Република Македонија „8-ми Септември“, повеќе членови на КПС „Македон“ организираа акции за искачување на Љуботен (06-09-2008) и ноќевање на Кораб кај караулата „Победа“, искачување на Голем Кораб на 07.09.2008 и ноќевање во пл. дом „Смрека“ на Попова Шапка, и искачување на Титов врв на 08.09.2008 год.

Меморијал „Костаке Спасов - Цоцо“

Група членови на КПС „Македон“ на покана на Планинарско алпинистичкиот ориентационен клуб „Бел камен“ од Радовиш, на 17.08.2008 година учествуваа на Втората меморијална планинарска средба „Костаке Спасов - Цоцо“.

Кораб 08

Од 04-06.07.2008 година во организација на КПС „Македон“ 12 члена учествуваа во акција на Кораб, со спиење во шатори прво во кругот на караулата Победа, а потоа во саботата вечер на 2400 мнв под Голем Кораб. Беше искачен врвот Голем Кораб и направена тура кон водопадите на Длабока река.

Sky Bet by bettingy.com

За нас

Logo Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Наш најистакнат член е... Повеќе