Планинарска забава на Бегово поле

Пак одиме на Бегово. Втора година – добро е , ако издржиме може и традиционална ќе ја направиме. Па, дај Боже и другите да го научат тоа Бегово Поле каде е, и Солунска Глава – толку почитувана од планинарите, особено од оние што ги доживеале сите годишни времиња во еден ден качувајќи го врвот.

Корабски водопади

На 31.05.2008 год. група планинари од КПС „Македон“ се приклучија на акцијата Корабски водопад, којашто беше организирана од ПСД „Кораб“, во прилог се фотографии од трите (меѓу кои и најголемиот) водопади.

Џумаја - Плачковица

На 12.04.2008 год. како дел од програмата на КПС „Македон“ се реализираше планинарската акција Џумаја - Плачковица со искачување на врвот Лисец, организатор на акцијата беше Анета Алексовска, водачи Денко Тодоровски и Виктор од Кочани, голема пофалница за домаќините кои како и секогаш се покажаа во најдобро светло.

Курс за Прва медицинска помош

Во рамките на активностите за едукација, осум (тројца од нив членови и на Планинската спасителна служба при Црвен крст на Скопје) членови на КПС „Македон“ во периодот 09-12.06.2008 год. го посетуваа и успешно го завршија Курсот за Прва медицинска помош „Спасител 08“ во Центарот за медицинска обука при Војната болница во Скопје.

Кожле за 1-ви Мај

Дел од членовите на КПС „Македон“ решија заедно да го прослават државниот празник 1-ви Мај, како локација за реализирање на акцијата го одбраа Катлановско Кожле. Самите фотографии кажуваат за расположението.

Водно - Матка

На 19.04.2008 година се реализираше акцијата Водно - Матка во организација на КПС „Македон“, водич беше Оливер Петрески.

Кожле 5.04.2008, прва акција

Петтото утро од април 2008 година беше намуртено и навестуваше дождлив ден. Но, ние четворицата Слободан Јованоски-Боби, Денко Тодоровски, Атанас Стојковски и Душко Христов не се предомисливме. Бевме цврсто решени да ја оствариме првата планинарска акција на нашето новоформирано друштво.

Sky Bet by bettingy.com

За нас

Logo Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Наш најистакнат член е... Повеќе