Миленков камен

Недела 18.10.2009 година. Облачно со огромна шанса да заврне, но сепак договорот за на Миленков камен се испочитува и во седум часот наутро девет души со две коли се упативме за Патишка река. Дејан, Дарко, Дуле, Денко, Мила, Марија, Макси, Игор и Кица.

Пат за исток – РУЕН 12.09.2009

Редно е малку да ги дружиме и планините на исток. Благодарејки на поканата на ПК „Руен“ од Крива Паланка тоа и го сторивме во сабота 12.09.2009 година. Да ги почестиме домакините со наше присаство, мала група од четири члена, Анета, Марија, Дарко и Макси, со одзвавме на поканата и во 08 часот се нацртавме кај рудникот Тораница од каде што беше планирано тргнувањето.

Галичица – огледана во две езера

Деновите од 24 до 26 јули беа планирани за планинарење, алпинизам и бањање во охридското езеро. На голема штета на ентузијастите за качување по карпи алпинизмот отпадна поради не обезбедување на инструктор по алпинизам, но нивната голема желба за учење на нови работи допринесе за редовно одржување на часови по алпинизам во неделите по тој викенд. Но да се задржам на овој викенд.

Тура на Кораб 10-12 јули 2009

Еве дојде и традиционалната тродневна тура на Кораб со две ноќевања во шатори. За мене, како и за повеќето учесници беше традиционално прва.

Групата беше спој на младоста и искуството. Супер се надополнувавме во опрема, јадење, облека и разни потребштини. Бевме 13 члена, + едно куче- Жолчко, со многу тежок карактер (отров) кое ни се приклучи од стартот па се до крајот (тоа е истото место).

Нашите на Island Peak

29.10.2009. Danas smo sišli u Pangboche direktno iz BC Island Peak.

Juče na završnom usponu imali smo divno vreme i bilo je pravo uživanje popeti još jednom ovaj vrh.

Рила, Мусала и Мајовица 9-12.10.2009

По повод 11 Октомври, денот на македонското народно востание против фашистите, се доби ден плус после викендот и една можност да се искористи овој период за една мала авантура во Р.Бугарија, на планината Рила, во поход по врвовите Мусала и Маљовица. Се организиравме во група од 16 души. Тргнувањето беше договорено во 23,30 часот од пред железничката станица во Скопје.

СКОПСКА ЦРНА ГОРА

По претходен договор на членовите на КПС Македон (оние кои што не отидоа на продолжениот викенд на Кораб и водопадот таму); се договоривме во Недела на 12,07,2009 да се прошетаме по Скопска Црна Гора.

Илинска Планина, Кичево 4 - 05.07.2009

На 4 Јули, членови од КПС „Македон„ во соработка со планинарскиот клуб од Кичево на чело со Марјан , учествуваа во акцијата Илинска планина. 

Sky Bet by bettingy.com

За нас

Logo Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Наш најистакнат член е... Повеќе