Од три останаа два врва Љуботен и Кораб 04 - 06.09.2009

Уште една од акциите кои ние како членови на КПС „Македон„ настојуваме да ја традиционализираме успеа. Ма да малку скратена, ама боље два него ич врва.

Минатата, 2008 година 10 одважни членови на нашето друштва се дрзнаа да направат акција во траење од три дена во кои денови освоива три највисоки врвови на западот од нашата ни убава Македонија. Значи, првиот ден Љуботен, потоа Кораб и на крај Титов Врв. Така беше минатата. 

Ден први 

Е оваа година се собравме 15 членови да ја повториме мисијата. Со 4 возила во 18.30 часот тргнавме од Скопје за Старо село каде си ги паркиравме количките и полека, веке ноќ не фати, тргнавме кон домот Љуботен. По некојси два и пол часа стигнавме до домчето. Сепаратистички се сместивме во собите, машки вамо женски тамо, а двајца доле и надвор во шатори. Се окрепивме со по нешто во стомак и легневме, као, доста рано, зошто утре не чека првото качување. Првпат во домот „Љуботен“ да ми биде толку топло, така да дури и сметаше во бркањето на сонот, но некои тој проблем си го решија со бркање комарци. Разбрав дека на крај со зиби го фатија тој досаден инсект. Браво И...

Водачот Аце, доста строго ни закажа станување во 06.30 за да тргеме во 07.00. За дивно чудо така и бидна. Во колоната која се направи кон врвот се најдоа: Аце, Дејан, Дарко, Кате, Верче, Сали, Џози (италијанка – другарка на Сали), Дебарлиев, Мартин, Марин, Марија, Искра, Дејан, Мила и ја (Макси). По добро маркирана стаза и по уште подобро односно прекрасно време на врвот стигнавме натенане за два часа и четириесет минути (последниот). На врвот веке имаше гости од другата страна на границата но врвот е доволно голем да не собере сите. Изгледа дека само граничниот камен бил толку „голем“ што на некој му сметал и го откорнал и без трага го фрлил. На негово место со зелена боја и на друг јазик е напишано името на врвот и неккои други имиња. Штета.

И додека Сали си ги вежбаше своите лингвистички и полиглотски вештини, ние останатите моравме да ставиме несто у кљун. Се ке беше убаво да не наидоа рој од летачки муви кои беа досадни како муви. Бреее, од кај се створија толку, раат човек да нема а камо ли да јаде нормално. Затоа по едно половина час се прегрупиравме и по заповед на Аце трнавме надоле но не по сртот од каде што дојдовме, туку остро наделе кон Козја Стена. 

Надоле малку трудно, но на никој не му беше криво бидејки е супер да се види и оваа страна од врвот. Малку се одморивме кај Ајдучко Изворче и прибравме сили за она што не очекуваше – одење по бескрајниот сипар. Супер. И вакви терени треба да се видат и осетат под нозе. Стазата од оваа страна се спојува со стазата по која стандардно се искачува врвот Љуботен. 

Доле во домот веке чекаше, машала, голема салата со сите останати салтанати. Мислам дека заслуживме добар оброк и малку одмор. Налетаа на нас тамо горе и неколку луѓе од Тетово со кои се познавме од журката на Бегово Поле. Штом се познавме веднаш ни беше јасно дека сме оставиле добар впечаток со журката. Направивме групна фотка и точни ко швицарци, во 15.00 кинисавме назад кон колите.

Се спакувавме и тргнавме во офанзива на слаткарница за која координатите ги добивме по „врска“ уште кај домот. Извршивме напад на препад, мавнавме по троа благо и по некое кафе и по безуспешно барање на месни нарезок – Мик (не барајте нигде нема) - правец караула „Победа“. Со едно блиц застанување во Маврови Анови, околу 20.00 часот стигнавме кај караулата каде веке имаше доста народ. Си ги распростравме шаторите, малку се дружевме околу огнот со останатите учесници и негде пред полноќ се кутнавме на спање. Ноќта ни се погоди, топла и мирна, добри подметачи наравно како и вреќи и се сторивме трупови. Лека ноќ.

Ден втори

Договорот за вториот ден беше да станеме во 6 а кон врвот Кораб да тргнеме во 7 часот. Иако процедурата налагаше тргање во 9 часот, не само ние, туку и другите кои спиева кај караулата тргнамвме порано. Времето не беше како првиот ден, Облачно и со магла кон врвот но сепак не многу ладно. Да биде све контра од првиот ден се погрижи најнапред дождот кој полека но сигурно премина во град. За утеха е што беше со големна на ориз, но лошото е што беше големина од поголемиот ориз – андреа. Кабаниците ги нафрливме за пола минута. Па после толку налетувања на дожд оваа година срамота ке беше да не сме толку обучени за таа работа. 

Кон врвот во три групи, се искачивме скоро сите кои бевме и на Љуботен. Времето, како што одминуваше, беше се поубаво и поубаво. Првите кои беа на врвот и одма се вратија назад ја немаа таа привилегија да ги видат убавините на Кораб кога распука едно сонце и се отвори небото. Заради таа убавина ја обожавам оваа планина. 

Во организиацја на ДПС „Кораб“ имаше бајаги народ. Бидејки ние порано тргнавме и нормално порано се враќавме, имавме чест да ги сретнеме скоро сите кои одеа нагоре, а пријатели на планините имаше многу. Многу познати лица со кои беше убаво да се сретнеш. 

Дел од нашите членови од првиот ден беа ангажирани на контролните пунктови како обезбедување од страна на Црвен Крст, така да се најдоа на повеке луѓе во пружање „прва помош„ и санирање на ситните проблемчиња. Браво за нив сите.

Бидејки времето не ветуваше ништо добро ни за следниот ден кога планиравме искачување на Титов Врв, попатно одлучивме тој врв да го оставиме за некој следен поубав ден. Така, како компензација, одлучивме да посетиме еден стар пријател во гостилница „Тивко Катче“ во Гостивар кој го баравме неколку пати но никако да го најдеме. Овој пат имавме среќа и убаво се изназборевме. Идејата беше на Лева и Десна кои тој другар го занаат од порано. Добар избор дечки. 

Се на се добра тура, недоречена со третиот врв, но желбата за продолжување на традицијата е добра и веке влезе во календарот како годишна и многумина од нас одвај ја очекуваат следната. Сите се држевме јуначки и дисциплинарно и патот си го изодевме поштено. Мене лично овие тури на кои се комбинирани со спиење надвор и во шатори многу ме одушевуваат, без обзир на времето кое понекогаш знае и да не награди. Честитки до сите учесници и поздрав до оние кои ги споменувавме како отсатни.

Макси

Sky Bet by bettingy.com

За нас

Logo Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Наш најистакнат член е... Повеќе