Планина Стогово, врв Бабин срт – 2245м

Тргнавме во сабота сабајле со возот во 7часот, Искра, Макси, Петар, Жаки, Лиле, Мартин и јас. Патувавме околу 2 часа. На станицата во Кичево трпеливо не чекаше Мистер Роко Мароко, а веднаш од другата страна на железничката Гига ни чуваше место во ресторанот-трафика. 

Иако магла не следеше, уште кога тргнавме од Скопје, си почнавме според договорената агенда. 

Караџица 22-24/10/2010

Како што беше најавено на реднвниот состанок на КПС Македон, викендот после состанокот почнувајки од Петок попладне ја започнавне планинарската акција, Планинарски Дом Караџица и искачување на врвот Солунска Глава,, Освен пријавените- Аце, Петар, Жаклина, Цаци, Тања и ќерка и, ни се придружија и две девојки од Драчево.

Октомвриски Љуботен

Уште еден убав викенд на планина. Овој пат во организација на планинарското друштво Љуботен од Тетово. Домаќините, гостите од Битола, и неколку души од Скопје( меѓу кои Аце, Мила и јас од Македон) го искачивме Љуботен. Времето прекрасно, качување во облак, пејсаж на бои.

Aлпинистичка акција Триглав 2010

Акцијата „Триглав 2010“ претставува завршна акција на едногодишната активност на алпинистичката секција при КПС „Македон“. Воедно, акцијата е награда – испит на алпинистичка вештина и зрелост на најпосветените членови.

Езерски врв, Шар Планина

На 31 октомври 2010 година, изведовме еднодневна планинарска акција со искачување на Езерски врв на Шар Планина. Во акцијата учествуваа Иван, Андреја и Дејан од КПС "Македон" и Федеричи од ПСД "Кораб". Стартот беше од над село Брезно во 05:30 часот. Акцијата траеше 12 часа, а временските услови одлични.

Белица и дел кон Солунска Глава

Веќе подолго време ни се провлекуваше идеја за искачување на Солунска Глава но од некоја трета страна а не од веќе испробаните патеки од Чеплес или Караџица.

Мусала и Маљовица, 9 и 10 октомври 2010

Целата авантура во искачувањето на Мусала и Маљовица беше составена од 17 одлични планинари и љубители на природата кои беа добро физички подготвени и двајца оптимисти кои беа само љубители на природата. Несвесни за својата одлична физичка подготвеност тргнаа во поход на највисокиот врв на балканот. 

Искачување на Кораб, 05.09.2010

Традиционалното искачување на Кораб, за една група започна во саботата, со Љуботен, каде временските неприлики изразени со целодневен дожд и густа магла не дозволија да го искачиме врвот.

Олимп - Митикас 2917 м.н.в

Летно искачување на Олимп,26 август 2010, за мене прво, за Емилија и Боге...некое. Интересно доживување, спиење највисоко до сега, во дом на 2700м.н.в. Пешачење по многу убава патека, со прекрасна глетка, отворање пред нас на Долината на музите, одличен тајминг. 

Sky Bet by bettingy.com

За нас

Logo Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Наш најистакнат член е... Повеќе