Караџица 22-24/10/2010

Како што беше најавено на реднвниот состанок на КПС Македон, викендот после состанокот почнувајки од Петок попладне ја започнавне планинарската акција, Планинарски Дом Караџица и искачување на врвот Солунска Глава,, Освен пријавените- Аце, Петар, Жаклина, Цаци, Тања и ќерка и, ни се придружија и две девојки од Драчево.

Во Петокот пристигнавме до домот Караџица со комбето на ПД Драчево, каде бевме весело пречекани од домарот Ладе.

Во Саботата наутро Јас и Петар се упативмекон врвот Солунска Глава 2540м.н.в. времето ни беше прекрасно, сонце без ни малку ветер и облаци, и по четири часа пешачење пристигнавме на врвот. Тамо не пречека тројца планинари кои се имаа качено од страната на П.Д. Чеплес.

На врвот се задржавме повеќе од еден час и потоа повторно пратени со прекрасните временски услови се упативме кон домот.

Останатиот дел од групата имаа убава прошетка до Жаба.

Во Неделата исто така се направи прошетка по сртот на Мумџица и потоа со истиот превоз се упативме кон Драчево.

Атанас Стојковски

Sky Bet by bettingy.com

За нас

Logo Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Наш најистакнат член е... Повеќе