Искачување на Кораб, 05.09.2010

Традиционалното искачување на Кораб, за една група започна во саботата, со Љуботен, каде временските неприлики изразени со целодневен дожд и густа магла не дозволија да го искачиме врвот.

Одлично прибежиште ни беше планинарскиот дом и домаќинот Мите. Вечерта се упативме кон караулата на Кораб, сите петмина, ги поставивме шаторите, а останавме до доцна во ноќта. На мене, Дарко, Тамара, Аце и Боби, вечерта ни се придружија и Дејан и Ивана.

Сабајлето ветуваше убаво време. Така и беше цел ден. Тргнавме различно, кој рушеше рекорди, кој не, кој не дочека да ги дочека автобусите каде беше голем дел од нашето друштво. Да не пропуштам некој, а некој и не ги ни сретнав во целата гужва. Дејан, Петар, Ана, Никола + 3, Марија,Елена, Дејан 2, Тања.

Нагоре, прекрасно. Ретка чисто убава глетка на сите планини кои го опкружуваат Кораб, а и многу подалеку. Змија од луѓе до врвот и назад.

Честитки до освојувачите!

Искра

Sky Bet by bettingy.com

За нас

Logo Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Наш најистакнат член е... Повеќе