Караџица 05-06.03.2010

По едномесечно исчекување на 5-ти март конечно дојде долго очекуваната и најавувана тура Патишка Река – Богомила. Во точно договореното време се собравме 5-мина ентузијасти (Даре, Никола,Мите (Миле), Виктор и Дебарлиев) кај стара градска куќа од каде што со комбе се упативме кон Патишка Река каде што бевме пречекани од Дуле и Аце, последните двајца од групата. 

По пристигнувањето во Патишка Река и завршување на последните подгортовки конечно во 15:30h се упативме кон нашата прва цел, бачилото под Остри Врв. Уште на самиот почеток времето навестуваше дека нема да биде на наша страна и додека се возевме накај Патишка Река почна да паѓа ситен снег кој што беше наш верен 8-ми “член” во следните 20 часа. Во првите два и пол часа до пристигнувањето (нормално ова не важи за Дуле и Виктор) до бачилото, покрај снегот и маглата беше постојан декор за кој се надевавме дека наредниот ден ке го снема. Околу 18h целата група пристигна во бачилото кое ни послужи како базен камп и по кратка пауза почнавме со местење на шаторите. Во едениот шатор беа Аце и Даре, вториот го сочинуваа Виктор и Дуле, а последниот Дебарлиев,Миле и Никола. По поставувањето на шаторите, се вративме во бачилото да се згрееме на малото кумбенце и да вратиме дел од калориите и течностите изгубени во претходните саати, договор околу утрешниот ден и потврдување на насоката на движење. Околу 22:00h се упативме кон шаторите на спиење. 

Следниот ден не започна баш како што очекував. Околу 3 наутро, ме разбуди не баш тивкото изговарање на моето име и дрмањето од страна на Аце за да ми каже дека шаторот ни се наоѓа на 30cm над нашите глави, натежнат од снегот што веќе 12 часа непрекинато паѓа. Во тој момент на никој од нас двајца на му беше до излегување од вреќа и местење на шаторот, така што успеавме колку толку да го наместиме да издржи до 6 наутрож. А во 6 наутро имавме што да видиме по отварањето на шаторите, огромен (50-60cm) снежен ѕид. Договореното време за тргнување на вториот дел од турата ( бачило-Остри Врв-Убава-Солунска Глава-Горна Бабина Дупка) беше 7h, меѓутоа како што вели поговорката есапот дома и на пазар не излегува ист. Како што напоменав, на постоечкиот снег падна дополнителен од пола метро а и маглата сеуште беше околу нас, така што тргнувањето моравме да го одложиме на неодредено време. Конечно околу 9:30h донесовме одлука да тргнеме на нашиот долг пат затоа што според временската прогноза после 10 часот времето требаше да се расчисти. Така и бидна, околу 10:30h додека го заобиколувавме Остри Врв во подножјето, времето комплетно се расчисти и кај сите нас влеа надеж дека конечно времето ќе биде на наша страна и сите безгрижно да продолжиме по нашиот пат. Меѓутоа не долго после поправање на времето, една група (Никола, Дебарлиев и Мите) решија да не продолжуваат понатака, туку да се вратат назад во Патишка Река. По разделбата, останавме јас, Аце, Виктор и Дуле да продолжиме по нашиот долг пат. Во следните 2 часа, времето беше како од бајка. Облаците и снегот ги снема, ветер не постоеше, сите повисоки врвови околу нас се отворија...... што би се рекло идеални зимски услови за планинарење. После 2 часовно уживање во патот кон Убава, временските прилики повторно почнуваа да стануваат непријатни. Односно имавме еден, ама голем непријател – облаците. За кратко време изгубивме комплетна ориентација и после 20 минутно неменување на временските услови донесовме одлука и ние четворица да се вратиме во Патишка Река. На враќање кон Патишка Река, после 2 часа откако донесовме одлука да ја прекинеме турата, времето повторно почна да станува идеално за зимско планинарење што предизвика револт кај целата група, револт кој што траеше се до недела попладне до кога што беше планирана турата да трае, а времето остана сончево.

На враќање кон Скопје колективно беше одлучено дека турата мора да биде повторена сезонава на што сите се надеваме дека што поскоро ќе се случи.

Дарко Јанески

Николчо Петров и Виктор

Sky Bet by bettingy.com

За нас

Logo Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Наш најистакнат член е... Повеќе