Седмо-мартовска прошетка, Водно до Матка

Неделно утро предвидено за прошетка со релација Водно- Матка. Осумчлена група на договореното место и време, 8 часот кај полициската над Кочо. Организаторот на турата Анета, која не можеше да дојде, ни пружи одличната поддршка, координација и реализација од својот дом. 

Временските прилики беа одлични. Снегот кој што имаше паѓано претходниот ден го газевме под своите стапала за целото време на турата. Сонцето сјаеше со цел свој сјај. Дури кај бункерите целосно му се оддадовме, поради скратувањето на патеката . Кај бункерите се сретнавме со уште една група на планинари од Кораб и други познаници, па продолживме заедно кон Матка. Глетката беше прекрасна и уживавме во јасните видици на десно кон Шар Планина и лево кон Мокра, и двете со сите свои снежни врвови, сртови и претпознатливи убавини. 

На котата направивме заедничка фотографија, па сите надоле. 

Бидејќи превозот, приватниот автобус со број 12 не врзуваше за село Шишево, Тихо, како одличен познавач на теренот, не однесе по едно скратено патче кое водеше директно во селото. На таа делба се разделивме од другата група. Патеката беше одлична. Никогаш ги немам видено селата од таа страна. Повторно Матка ме изненади. Прекрасна глетка, ја препорачувам на сите.

Автобусот со патентиран систем за заштита од сонце, Марија, Дејан х3, Макси, Тихо, Дарко и мене, не донесе сите на време дома за салта и ручек. 

Искра Геразова

Искра, Макси, Тихо

Sky Bet by bettingy.com

За нас

Logo Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Наш најистакнат член е... Повеќе