Шар планина 23 и 24 јануари 2010

Временска прогноза за на Попова Шапка за викендот 23 и 24 јануари: ведро и сончево со температури од - 15 до -5 Целзиусови степени. Висина на снежната покривка 25 cm. Ветер од северен правец. Вистински зимски услови! 

Тројца членови на Македон, Мила, Живко и Петар од Скопје за Попова Шапка тргнуваат по договореното време. Во 7 часот изутрина. Околу 8.15 полека но сигурно пристигнуваат до планинарскиот дом Смрека каде треба сите да се сместиме. По сместувањето убавината на зимскиот ден и зимското сонце распослано по падините на Шара ги привлекува и тргнуваат до Антени. Снегот на Церипашина е добро натапкан од ратраците и движењето е доста олеснато. По околу два часа уживање во глетката што ја нуди прекрасната природа добро заштитени од сонцето и од студот стигнуваат до крајот на жичарницата каде малата пауза ја користат за неизбежниот чај и да зачуваат дел од убавиот видик, а по некое време успешно ги освојуваат и антените, каде ветрот го зголемува својот интензитет и не е баш пријатно за поголема пауза. За тоа време Церипашина е нападната од голем број на скијачи. Потоа полека но сигурно следува спуштањето до Смрека, каде се продолжува со трпезата и секогаш пријатните разговори за досегашните планинарски искуства. 

... во меѓувреме... 

Во Скопје завршуваат саботните обврски на останатите членови и околу 17 часот со две коли Даре, Искра, Дејан, Марија, Виктор, Наце, Јасна и дечко и тргнуваат за на кај Смрека. Таму се пречекани и од Мартин, Ивана и Емилија кои саботата ја користат за скијање по падините на Шара. Трпезата е послана а тогаш следува и лекцијата дека вечерата е најглавното јадење пред тргнување на тура додека доручекот треба да биде лесен со внесување на повеќе шеќери и витамини. И да се навратиме на временската прогноза -15 Целзиусови степени. Тоа значи треба добро да се подготвиме како физички со повеќе облека на нас така и психички. Искуството на Живко и Виктор определува да и им се даде улогата на водачи на групата. Се разгледуваат двете варијанти на освојување на Титов врв и се одлучува да се тргне по летната патека. Во групата за качување на Титов врв се пријавуваат 9 души додека другите решаваат и следниот дена да го искористат за скијање. Договорено е станувањето да биде во 4.15 а тргнувањето во 5 рано изутрина. Полека секој си легнува во својот кревет и се подготвува за студот од утрото. А во собите... ако утре се предвидува да биде многу ладно дефинитивно ова беше најтоплата ноќ за сите нас. Во собите сигурно имаше 40 Целзиусови степени. И не беше тешко да се стане, мислам дека едвај чекавме да дојде 4.15 и да излеземе на воздух. И така точно по договореното време тргнавме кон Тиотв врв. Живко, Виктор, Мила, Дарко, Дејан, Петар, Марија, Јасна и дечко и. Во тишината на ноќта бевме испратени од лаежот на кучињата, а дочекани од прекрасното ѕвездено небо. Следуваше спуштање до центарот на Шапка од каде почна повторно качување. И веќе заборавивме дека надвор е многу под нулата. Набрзо потоа следуваше откажување на двајца членови. Започна да се разденува. Секое изгрејсонце е посебна приказна, нешто спектакуларно, и не треба да се жали за топлиот кревет. Кога излеговме на патот по краткото газење во неразгазениот пат следеше и уште едно откажување. Овој пат на Марија. Останаа најхрабрите: Живко, Виктор, Мила, Дере, Дејан и Петар. По патот со доста снег, напред одеше Даре, кој неуморно го разгазување снегот. Повторно сонце и повторно прекрасни уметнички слики од природата. Веќе движењето почна да се одвиа во две групи. Во првата: Виктор, Дејан и Дарко, а во втората Мила, Живко и Петар. 

Полека но сигурно по околу 5-6 часа пешачење започна приближувањето на Бакардан и долго очекуваниот Титов врв. Веќе ветрот го засили својот интензитет. 

Заобиколувајќи го Бакардан, пред самото седло, во еден момент, Петар имаше излизгување од патот, каде несебичните случајни но со намера дојдени планинари, со помош на дерези му помогнаа да се врати на патеката. Голема благодарност до 3-та членови на ПД Пелистер! Ова треба на сите вљубеници на планинарењето да им биде пример како треба да се однесуваме во слични ситуации, но и поука дека треба да бидеме максимално сериозни кон планината во зимски услови. Додуша истото важи и за летни услови! Прв врвот го освои Даре во околу 11.20, а десетина минути по него и Дејан и Виктор. Во тоа време втората група беше до седлото од каде почна искачувањето на Титов врв. Првите освојувачи со забрзано темпо околу 15 часот пристигнаа во домот, потоа следеше петар, додека Мила и Живко по успешното освојување на Титов врв и по 14 часови планинарење, во домот пристигнаа во 19 часот. Секоја чест за Мила! 

... во меѓувреме...

Марија полека но сигурно се спушти до Шапка, каде беше пречекана од глувата населба и лаежот на оние исти кучиња што ја испратија. Но овој пат четири од нив и се приближија на еден чекор и да ја поздрават. Во домот веќе сите беа станати и се правеше план како да се искористи денот и сонцето. Емијија и Искра порано тргнаа на скијање, а Мартин и Ивана решија да скијаат на даска. Прво да се качат до антените а потоа спуштање надоле. И договорот падна. Идеме сите: Мартин, Ивана, Марија, Јасна и дечко и до антени. По успешното авантуристичко освојување на Церипашина (се разбира дека со жичара) ни се приклучија и Искра и Емилија, направивме неколку фотографии со знамето на Македеон и секој на своја страна. Мартин и Ивана стигнаа до антени и се спуштаа на даска, Искара за прв пат скијаше на Церипашина заедно со Емилија, а Марија, Јасна и дечко и обидувајќи се да не им сметаат на скијачите полека се спуштија до домот проследени од прекрасното сонце и прекрасниот поглед.

Макси, Петар и Марија

Макси и Никола

Sky Bet by bettingy.com

За нас

Logo Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Наш најистакнат член е... Повеќе