Миленков Камен на Караџица, 21.03.2010

Недела! Прв ден на пролетта! 

Прогноза: сончево, со повремена облачност. 

Место: Караџица од Патишка Река до Миленков Камен. 

Организатор: Петар.

Водач: Дуле.

Учесници 14: Верче, Елена, Цаци, Јасна, Дуле, Петар, Дејан 1, Дејан 2 (договорете се кој е кој :о) ), Мане, Зоки, Никола и уште тројца дојденци со Дуле. 

Караџица 05-06.03.2010

По едномесечно исчекување на 5-ти март конечно дојде долго очекуваната и најавувана тура Патишка Река – Богомила. Во точно договореното време се собравме 5-мина ентузијасти (Даре, Никола,Мите (Миле), Виктор и Дебарлиев) кај стара градска куќа од каде што со комбе се упативме кон Патишка Река каде што бевме пречекани од Дуле и Аце, последните двајца од групата. 

Миленков Камен 21.02.2010

Сонце. Снег. Магла. Ветер. Дожд. Таков беше дваесет и првиот ден од февруари на пат од Патишка река кон Миленков Камен. Низ четирите годишни времиња патуваа Иван, Елена, Игор и Дуле. Променливото време ни овозможи да ѕирнеме во фантастичниот свет на планинската убавица Караџица. Уживајте за жал само преку фотографиите.

Марш на Плачковица во чест на Борис Трајковски, 05-07.02.2010

Авантурата на планина, “Плачковица 2010“ ја започнавме во петок попладне, во 18 часот. Четворица членови на КПС Македон (Алек, Аце, Петар и Марија) се упативме со кола кон ПД Вртешка, каде стигнавме за околу 4 часа поради проблемите со мразот на патот.

Китка: Мала Река - 30-31.01.2010

Подготовките за акцијата започнаа уште на 29-01-2010 (петок) од страна на Атанас, запалување на каминот и загревање на викендицата со цел да биде подготвена за гостите од Македон, Марин, Кате и Верче.

Седмо-мартовска прошетка, Водно до Матка

Неделно утро предвидено за прошетка со релација Водно- Матка. Осумчлена група на договореното место и време, 8 часот кај полициската над Кочо. Организаторот на турата Анета, која не можеше да дојде, ни пружи одличната поддршка, координација и реализација од својот дом. 

Зимски алпинистички тренинг на Попова Шапка 27-28/02/2010

Во организација на алпинистичката секција на КПС Македон се реализираше првиот зимски алпинистички тренинг на Попова Шапка.

Како што беше планирано, една од главните цели на тренингот беше зимско логорување во шатори и бивак.

Врв Красна

Утринското февруарско сонце ја разгалуваше патеката од село Горно Количани кон месноста Красна на планината Китка на досега најмногубројната прошетка во организација на КПС Македон. Учествуваа 27 планинари.

Одбележување на родениот ден на Гоце Делчев

Делегација на КПС Македон положи венец на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Одбележувајќи го денот на неговото раѓање, 04 февруари, му оддадовме почит и благодарност за борбата и делата кои што ги остави за нас и нашата земја.

Шар планина 23 и 24 јануари 2010

Временска прогноза за на Попова Шапка за викендот 23 и 24 јануари: ведро и сончево со температури од - 15 до -5 Целзиусови степени. Висина на снежната покривка 25 cm. Ветер од северен правец. Вистински зимски услови! 

Sky Bet by bettingy.com

За нас

Logo Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Наш најистакнат член е... Повеќе