Искачување на Љуботен по повод : Денот на ослободувањето на Скопје - 13.11.2011

По повод денот на ослободуањето на Скопје, ПК "Трансверзалец" и ПК "18 Август", се одржa второт по ред, а се надевам ќе стане традиционално, искачување на врвот Љуботен на Шар Планина. Како клуб од Скопје, со радост се приклучивме кон оваа манифестација со скромен придонес и учество на 13 наши членови. Бојан како организатор, не собра во едно комбе и една кола, така што на стартот бевме: Макси, Ана, Лина, Дејан БТ, Мила, Зоки, Зоки - Ханс, Бојан, Дуле - Шулц, Дарко, Димац, Емилија Белопета и Алек.