Пелистер – Брајчино (10.6.2011 – 12.6.2011)

10.6.2011 

Се започна во петок (10.6.2011) наутро, во 6 часот. Тргнавме од пред Олимписки базен, 16 луѓе со 4 коли. Учесниците беа: Јас (Мартин), Бојан, Мила, Лина, Аце, Дуле, Петар, Диме, Кате, Никола, Николче и жена му Верче и уште четири особи кои не беа членови на Македон. Патувавме со 4 коли по патот.

Мапа на Гугл

Пристигнавме на паркингот на хотелот Молика во 9:30, каде после некои основни припреми го започнавме искачувањето кон врвот Пелистер на планина Баба. Прва кратка пауза направивме на планинарскиот дом Копанки. Приметивме дека е направена патека за Downhill возење со велосипеди, која изгледаше многу интересна и предизвикувачка, така да им ја препорачуваме на похрабрите да ја пробаат. Од првата пауза се движевме по означената патека, каде што наредната позначајна пауза ни беше околу 12 часот напладне. Дотогаш времето беше идеално сончево. Приметивме дека околу нас се приближуваа темни облаци. Само што тргнавме почна благ умерен дожд кој не предизвика никакви проблеми. Полека но сигурно стигнавме до местото Болници што е некои 300 метри надморска височина пониско од врвот Пелистер. Ова место е познато по тоа што за време на Првата Светска Војна имало болници каде што ги носеле ранетите војници. Тука наточивме вода од еден извор, и пред нас престоеше познатиот камењар како последна препрека пред врвот. Се си одеше според планираното , кога на некои 30 минути пред врвот не затвори облак и почна силно да врне. Повеќето се опремивме соодветно, но имаше и исклучоци кои не беа доволно опремени, и имаа пеколно искачување до врвот. Покрај силниот дожд почна да дува и силен ветер, дури и ситен град да паѓа. Времето драстично ни го отежна качувањето и сите бевме нетрпеливи да стигнеме што е можно побрзо до метеоролошката станица за да се згрееме и исушиме. Кога стигнавме, внатре не пречека Џока со топла просторија и чај. Сите се опуштивме и уживавме во амбиентот додека ни се цедеше облеката што ја имавме претходно на нас. После околу едночасовна пауза, накај 14:30, тргнавме према Големо езеро. Првично дуваше ветер но после некој пола саат, прекина и времето се расчисти. Пред Мало езеро, начекавме низина со неколку десетици коњи кои безгрижно си пасеа. Глетката беше магична. Мала пауза на Мало езеро и крајниот поход за дента кон планинарскиот дом „ДИМИТАР ИЛИЕВСКИ - МУРАТО “ кој се наоѓа на Големо езеро и е посветен на првиот македонец кој го искачил нависокиот врв на светот, познатиот Монт Еверест. Пристигнавме околу 17 часот, и со задоволство ги соблековме мокрите кондури и опрема. После краткото распределување по соби и пресоблекување бевме понудени со топла телешка чорба и гравче со колбасици. Така почна гозбата која за некои траеше и до 4 часот изутрината. Во текот на гозбата, во која не дружеше и домарот Попе со неговото куче хаска по име Стела, добивме предлог да останеме наредниот ден во домот и дека ќе ни се пружи прилика да пробаме прле или попознато ждребе. Се замисливме но одлучноста на групата да ја завршиме акцијата според планираното особено на еден човек, Аце, моравме да ја одбиеме понудата. 

11.6.2011 

После краткиот одмор, изутрината во 8 часот, после симболичен доручек, опремата на нас и тргнување накај Брајчино. Времето беше солидно. После околу саат време стигнавме на делење на патеката каде имавме избор да идеме паралелно со Брајчинска река или преку планинскиот срт. По препорака на домарот од „ДИМИТАР ИЛИЕВСКИ - МУРАТО “ тргнавме по патеката што води паралелно со Брајчинска река. Наидовме на природна тераса од која имаше прекрасен видик и направивме мала пауза. Кога тргнавме од таму наидовме на густа вегетација од висина до пола метар која малце го отежнување одењето. Стигнавме до патоказ каде што пишуваше за Брајчино дека имаме уште 2 часа одење. Од тука, влеговме во шума, каде бевме заштитени од сонцето кое веќе подолго време блескаше силно. Околу 11:30 часот стигнавме до патот преку кој може да се оди со џип до Брајчино, тука направивме преминување на Брајчинска река. Од левата страна на патот, налетавме на полјана со направени маса и клупи каде што ја имавме последната пауза пред Брајчино. Тука се наоѓавме на 1200 метри водушна линија од Брајчино. Во 13:00 часот, после 5 часовно пешачење, пристигнавме во Брајчино. Одма се сместивме во манастирот св. Петка. Кратко распределување по соби и повеќето од нас направија попладневна дремка, да се одмориме. Околу 15 часот се поделивме на две групи. Едната, јас и Бојан тргнавме према езерото, додека другата во која беа останатите тргнаа према околните манастири и цркви. Додека одевме низ Брајчино како што прашувавме за насока и времетраење на патот до езерото, слушавме повеќе различни одговори. Едни викаа дека има околу саат време одење, што нас ни одговараше, додека други викаа дека има повеќе и дека ќе ни биде далеку. Нашата дестинација, плажата во с. Долно Дупени, која се наоѓа на граница со нашиот јужен сосед Грција, е местото наречено Маркова нога, која е најјужната точка во Македонија. 

Мапа на Гугл

Стигнавме во Љубојно, каде што езерото изгледаше многу блиску, но мештаните ни ги даваа истите одговори, некои викаа блиску, други далеку. Нашата упорност не ни даваше да се откажеме иако времето почна драстично да се наоблачува. Во 17:05 часот на самиот влез во с. Долно Дупени решивме да ја откажеме нашата авантура која беше да се искапиме во Преспанското езеро, поради немање доволно време. За назад, искористивме превоз со еден локален бизнисме и мештан од с. Долно Дупени. Тој не префрли до Брајчино каде што се сретнавме со другата група на сред село и седнавме во кооперацијата на по едно пиво. Откако поголемиот дел се реши да јадеме шпагети за вечера, како „јаготка на шлагот“ ни беше само што набраниот вргањ. Се купи доволна количина од него за да се искористи како сос за шпагетите. Само што се прибравме во манастирот каде што бевме сместени, почна да врне. Почнавме се припреми за вечерата и после некои два саати на подготовки седнавме да јадеме. Покрај претходно споменатиот вргањ имаше и лисичарка но и двата вида на печурки беше одличен додаток на шпагетите. Во прилог е линк за печурките во Македонија и нивните особини: 

Еден ден со печуркарите од Демирхисарско

Дружбата траеше до 2 часот по полноќ. 

12.06.2011 

Будење во 8 часот. Не чекаше комбе, со кое требаше да го шетаме регионот. Почнавме со с. Наколец. Селото го видовме накратко само низ прозор од комбето. Следната дестинација беше плажата Дупени, која не успеавме да ја посетиме претходниот ден. Убаво средена песочна плажа, но не успеавме да се искапеме поради тесниот распоред што го имавме дента. Стигнавме во с. Сливница, каде планиравме да го посетиме манастирот св. Богородица, кој се смета како културно богатство на Р. Македонија. Позитивна работа што начекавме е дека патот е 70% асфалтиран а остатокот е во изградба. Прекрасен манастир со конак, во чија околина има неколку мали цркви. Доколку има некој прилика, му препорачуваме да го посети. После с. Сливница застанавме во Претор, каде што се наоѓа познатото детско одмаралиште „Мите Богоевски“. Конечно јас и Бојан влеговме во Преспанското езеро, на кое веќе два дена му се спремавме. Водата беше ладна, но благодарение на сонцето, можеше да поседиме некои десетина минути во вода. Остатокот од групата пиеја кафе и шетаа по плажата. Следно на дневен ред, беше с. Курбиново во кој се наоѓа манастир св. Ѓорѓи, кој се смета за најстар манастир во Македонија. Пред влезот на манастирот се наоѓа еден од најстарите дабови што ги имаме видено. 

Мапа на Гугл

Продолживме накај Ресен, каде што имавме ручек пауза. Од Ресен правец кон хотел Молика, да си ги земеме колите. По пат имавме блага историја од нашиот шофер Ѓунер за околните села. Само што тргнавме да се спуштаме низ парк шума Пелистер, започна обилен дожд, кој на периоди се следеше се до Прилеп. Мала кафе пауза во градот под Марковите кули и тргнување за Скопје каде се означи завршувањето на 3 дневната тура во 19:00 часот. 

Мартин Ќортошев

Sky Bet by bettingy.com

За нас

Logo Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Наш најистакнат член е... Повеќе