Рафтинг на Тара

Продолжениот викенд кој почнуваше со баксуз ден петок 13, 14, 15 и 16 мај, една храбра девојка, Мила, и шест машки, Јас (Бојан), Мартин, Даре, Игор, Петар, и Даме (кој не е член на КПС Македон, меѓутоа одлично се вклопи) решивме да го искористиме за покачување на адреналинот.

 

Во раните утрински часови, околу 07:30 минути, пред олимпискиот базен во Скопје, се собра целата екипа и со две коли (на Даре и Петар кои воедно беа и возачи) тргнавме накај Босна и Херцеговина, преку Србија ( Краљево, Чачак, Ужице, итн.). Во Србија се застана на една место за да се појадуваат гладните, и после кратката пауза го продолживме нашето патешествие. За да се разбие монотонијата од долгото возење се погрижи српската полиција, која реши да го наполни својот буџет во и пиша казна за не врзување на појасот на еден од возачите ( заради заштита на лични податоци нема да биде откриен идентитетот :D), со што едната кола ја направи втората поголема пауза и после решавањето на таа ситуација се продолжи патот кон главната дестинација. Бидејќи поминувавме низ Мокра гора, едногласна одлука, решивме да го посетиме селото на Емир Костурица, познато како Дрвен град. Како што кажува и самото име, целиот комплекс е направен од дрво, во него има предмети од познатите филмови на Емир, сместен е во прекрасна природа, дури има и статуа од Џони Деп (која искрено не личи на него), исто така се издаваат кукичките и може да се преспие во нив (го препорачувам на сите оние кои сакаат да уживаат во природа и тишина, за цената не гарантирам дека е пристапна зошто не прашавме). Откако завршивме со разгледувањето и сликањето на Дрвениот град, го продолживме патот до крајната дестинација. После дванаесет и нешто часовно патување, на општо задоволство на сите пристигнавме во рафтинг кампот кој се наоѓа 20 km од градчето Фоча ( по патот накај црногорската граница). Со самото пристигање веднаш седнавме на вечера на која се виде колку бевме изгладнети од долгото паување ( мора да дадеме пофалби до куварот/куварката, бидејќи спремаа одлична храна за целиот наш престој). Откако ја завршивме вечерата, поуживавме уште малку во природата во која е сместен кампот ( само не уживавме во изборот на музиката), и решивме да одиме да спиеме се со цел да бидеме одморени за утрешниот предизвик, за спиење се поделивме на тие што рчат и тие што не рчат : ). 

Сабајлето станавме околу 09:00 часот, појадувавме (пак пофалби за храната) обилен доручек, и после оброкот отидовме да земеме опремата која е потребна за рафтингот. Во 11 и нешто сите облечени во опрема тргнавме со комбе до почетната точка од каде се пуштаме. По пат ја поминавме црногорска граница и после саат време патување конечно стигнавме до местото. Пред да влеземе во чамец и да се пуштиме по реката, нашите скипери ни одржаа кратко предавање за тоа што треба да правиме на чамецот, и како да реагираме доколку дојде до некоја неочекувана ситуација (превртување на чамец или паѓање во вода на некој од екипата). После краткото предавање се качивме во чамецот во кој бевме само ние седум луѓе плус скиперот. Веднаш на самиот почеток почнуваат брзаците на реката Тара, а со самото тоа и веднаш ја осеќаш нејзината сила. Брзаците се така поставени што има група на брзаци, потоа мирна вода, се со цел да се одмориш малце и да средиш импресии. После еден час рафтинг пристигнавме до местото каде што ја направивме првата пауза, каде што има убав водопад, двајца од нашата група, Мила и Даме, успеаја да препливаат до другата страна на реката и да го видат одблизу. Откако заврши паузата тргнавме понатаму во освојување на реката, и во совладувањето на брзаците. После исцрпното борење со реката направивме уште една пауза, на место каде што има повторно водопад на кој може да се застане под него и да се осети силината и СТУДОТ на водата : ). Оттука тргнавме ко последниот дел на реката, имаше уште една група на брзаци, и после тоа доаѓа мирен дел каде што можат да се направат фотографии, да се поразговара со скиперот (Мики, кој не спушти по сите правила и прописи до доле), и да се ужива во прекрасната природа. Исто така се гледа и местото каде што се спојуваат реките Тара и Пива, и ја формираат реката Дрина. По завршувањето на првиот рафтинг ден, се пресоблековме од оделата и седнавме на ручек кој беше доста обилен и вкусен. Целиот рафтинг траеше околу 3 часа со се двете паузи. После ручекот имавме слободни активности, кој лежеше на лежалка, кој читаше списанија, некои играа фудбал и сл. Во 21:30 дојде време за вечерата, и после вечерата муабети и очекување за утрешниот ден. 

Неделата беше вториот ден за рафтинг, почна исто како саботата со доручек и после тоа земање на опремата и патување до почетното место ( и првиот и вториот ден се спушта по истата патека). Откако пристигнавме, се запознавме со новиот скипер, Тома, и бидејќи знаевме што треба да се прави веднаш се качивме во чамецот и почнавме да се спуштаме ( со надеж дека овој ден ќе биде поадреналински од првиот). После првата група на брзаци, видовме дека ќе ни се остварат очекувањата, и со големо нетрпение ја очекувавме следната тура на брзаци. Во втората група на брзаци, се случи случката која го одбележа целиот рафтинг, поточно струјата на реката не исфрли на страна малце, и неможевме да се вратиме назад, и тогаш се случи превртување на чамецот во најголемите брзаци од реката. Бидејќи предходниот ден ни одржаа предавање како да постапиме ако се преврти чамецот, можам да речам дека целата екипа постапи професионално, и без никаква паника успеавме да се извлечеме од водата (кој погоре, кој подоле:D), се разбира тука помогнаа и другите чамци кои застанаа да ни помогнат. Откако се собравме целата екипа и видовме дека сме без никакви повреди, видно возбудени го продолживме рафтингот. Паузите ги правевме на истите места како и првиот ден, со таа разлика што главна тема на зборење беше нашето превртување : ).После втората пауза, тргнавме по покорување на последните брзаци, каде што еден од нашата група го предизвика спикерот да погоди најголеми брзаци, што и се случи и тука се осети вистински рафтинг и вистинската сила на водата, меѓутоа немаше второ превртување, ниту пак паѓање на некој од екипата во вода. Откако заврши вториот и повозбудлив ден, сите огладнети седнавме на ручек, и после тоа Јас, Мартин, Игор и Петар отидовме до Фоча да го разгледаме гратчето, и да гледам тенис. Откако ја завршивме таа активност се вративме назад на вечера и легнавме да спиеме. Утре дента станавме рано, околу 07:00, појадувавме и тргнавме накај Сараево. Иако саботата и неделата грееше сонце, понеделникот почна да врне дожд, дури и по пат накај Сараево почна да врне снег, меѓутоа тоа не не поколеба во остварување на нашата цел. Во Сараево пред да почнеме да го разгледуваме градот, седнавме на добро познатите сараевски чевапчичи (10-ка со кромид, кајмак и лепиња), и после тоа со полни стомаци, го разгледувавме. Во 13:00 од Сараево тргнавме накај Скопје, по истиот пат по кој што доаѓавме, и за 11 часа интензивна вожња по дожд и мокри коловози, стигнавме во Скопје, сите полни со импресии и заеднички заклучок за одлично поминат викенд, и со надеж дека ќе се повтори на некоја друга и поопасна река : ).

Бојан Павлов

Сите

Sky Bet by bettingy.com

За нас

Logo Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Наш најистакнат член е... Повеќе