Пирин за Велигден, 2011

За Велигденските празници тричлена група од нашиот клуб беше на планината Пирин во Бугарија. Виктор, Дуле и Иван извршија вистински напад на највисоките врвови на оваа прекрасна планина, во еден ден Вихрен, Тодорка и Дамјаница, следниот ден и Каменица. Прав зимски тренинг. 

с. Беловиште – Беловишки водопади – Пирибег 13.03.2011

Овој викенд како да беше предодреден за „окупација“ на Шарa. Во четири одвоени акции на оваа прекрасна планина, вкупно учествуваа 20-тина членови на нашиот клуб. Две од овие акции беа организирани и спроведени во атарот на с. Беловиште.

Меморијален марш „Борис Трајковски“ 2011

Oд Скопје тргнавме во 6 часот со три возила и вкупно 12 учесници од кои 10 членови на Македон: Анета, Макси, Соња, Мила, Петар, Искра, Марија, Аце, Кате, Кирил и двајца можни идни членови - Даниела и Гоце.

Миленков Камен – 31 јануари 2011

Миленков Камен отсекогаш побудувал пријатни спомени, посебно зимно време. Поради ова, сé одлучивме да го посетиме тоа прекрасно и мистично место.

Старо Село – Корита – Љуботен

Датум: 09.01.2011 година (недела) во време од 08.00 – 18.00 часот

Продолжува окупацијата на Шар Планина. По вчерашната на Титов Врв, денес тоа го направивме на најубавата пирамида која се гледа од Скопје – врвот Љуботен. Во 06.30 часот тргнавме од Скопје во состав Никола, Дејан, Петар и Макси.

Пожарско, Време за рапорт :)

Викендот 26/27 Март, 2011 бевме во Пожарско (Егејска Македонија) да го качиме Кајмакчалан (2524m) од грчката страна на границата и да уживаме во термалните бањи по кои е познат овој регион. На оваа тура појдовме Искра, Жаки, Цаци, Кате, Зоки, Аце, Иван, Мартин и јас. 

Китка, 13 февруари 2011

Одлична прошетка недалеку од Скопје. Во неа 11 учесника, расположени за разговор и смеа, најповеќе благодареќи на Урош и Пепи кои што прв пат не дружеа.

с. Беловиште – Ливадички Врв (2500 мнв)

Датум: 15.01.2011 година (сабота) во време од 08.00 – 18.00 часот

Повторно Шара но со друг врв. Првичната намера за оваа тура беше да се качиме на врвот Пирибег со посета на Беловишките Водопади. Иако метео службата најавуваше поубаво време во недела, доследни на колегијалноста и да излеземе во пресрет на краткото време за престој во Македонија на еден наш член, оваа акција ја изведовме во сабота. 

Sky Bet by bettingy.com

За нас

Logo Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Наш најистакнат член е... Повеќе