Меморијален марш “ЧЕТИРИ АЛПИНИСТИ” 07-09.12.2012

Како што беше најавено на редовниот состанок на ПК “Македон”, двајца членови на клубот: Атанас Стојковски и Слободан Јовановски - Боби, се приклучивме на меморијалниот марш – “Четири aлпинисти”.

 

Тргнавме во петокот, со возило од Скопје во 18:00 час. каде се упативме до ПД “Чеплес”, при што останатата група веќе беше пристигната. Вкупно имаше околу триесетина учесници. Боби одлучи да ноќева во шатор, и по поставувањето поседовме малку со групата во домот и си легнавме.

Во саботата беше планирано искачување до месноста “Марина дупка”, каде е споменикот на трагично загинатите и потоа кон врвот Солунска Глава (2. 540 м.н.в.) Тргнувањето на организираната група беше нешто пред 09:00 час., времето беше прилично лошо, со врнежи од снег, густа магла и силен ветер.

Откако пристигнавме до Марина дупка, за околу три часа просечно пешачење, се одржа говор од страна на организаторите за трагичниот настан и потоа, сите се упативме назад кон ПД “Чеплeс”. Боби, кој тргна малку пред групата, се искачи до врвот Солунска Глава, за да пристигне  во домот веднаш по пристигнувањето на групата.

Вечерта беше проследена со комеморативниот филм за трагично загинатите, a потоа проследивме уште два алпинистички филмови. По нивното завршување, следеше мала пријатна забава со три гитари.

Во неделата, бидејќи имаше паднато доста нов снег (25 - 30 см) од минатата вечер, најголемиот дел од групата тргна пешки кон с. Нежилово и с. Папрадиште. Ние, заедно со организаторите, со вкупно три џипа,  околу 11: 30 час. почнавме да се спуштаме надолу кон с. Нежилово. Бидејќи имаше доста снег и многу  наведнати и паднати гранки на патот од снегот, движењето беше отежнато, но без некој посериозен проблем се спуштивме сите до с. Богомила.

Атанас Стојковски

Атанас Стојковски и Слободан Јовановски - Боби

Sky Bet by bettingy.com

За нас

Logo Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Наш најистакнат член е... Повеќе