Предновогодишно на Љуботен, 30.12.2012

Го одбравме Љуботен како последна акција за годината која измина и не згрешивме. Во неделата во 6 часот појдовме од Скопје, заедно со Димац и се упативме кон Старо Село, од каде започнавме со искачување во 7:30 часот.

Ако по утрото денот се познава, ова требаше да биде прекрасен ден за на планина. До домот стасавме за 2 часа, а таму кратка пауза и продолживме кон врвот. По пат ни дојде идеја да ја избегнеме стандардната рута и да тргнеме малку во лево по една стрмна падина, која не однесе горе на сртот. На врвот стасавме нешто пред 12 часот, среќавајќи се со повеќе планинари од “Макпетрол” и “Кораб”. По кусиот одмор на декемвриското сонце и уживање во пространата глетка, тргнавме надолу кон домот. Таму направивме подолга пауза за ручек, на менито имаше прекрасно гравче подготвено од домарот Митко. Презадоволни од денешната авантура, се вративме назад во Старо Село во 16 часот.

Алек

Алек и Димац

Sky Bet by bettingy.com

За нас

Logo Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Наш најистакнат член е... Повеќе