Кампување на Церепашина 15 - 16.12.2012

По најавата на редовниот состанок на ПК “Македон” за организирање на зимско искачување на Титов Врв и ноќевање на самиот врв, викендот  тројцата пријавени членови: Петар, Алек и Аце,  решивме да ја реализираме акцијата.

Во саботата, некаде околу 08:30 час. тргнавме од Скопје кон  Попова Шапка.

Времето кога пристигнавме беше прекрасно, сонце, висока температура и ниту малку ветер. Веднаш се упативме кон Церепашина, меѓутоа, како што се движевме нагоре, временските услови се повеќе и повеќе се менуваа. Почна да дува многу силен ветер, видливоста се намали, температурата драстично падна,  така што движењето речиси стана невозможно.

Стигнавме до местото Кара Бунар, но веќе немаше никакви услови за продолжување кон Титов Врв, па решивме да се вратиме назад.  Одлучивме да поставиме шатор на крајот на жичарата, но, и овде тоа беше невозможно. Ветерот и тука беше пресилен, постоеше можност шаторот да го искине, така што одлучивме да го наместиме во самата куќарка.

Бидејки бевме заштитени од ветерот, кој надвор цела ноќ дуваше непрекинато со голема брзина, ноќта во шаторот  ја поминавме релативно добро, без никакви проблеми.

Утредента не разбуди најавената група на планинари, кои имаа за цел да го искачат Титов Врв, меѓутоа, поради лошите временски услови стигнаа само до Антени.

Откако го спакувавме шаторот и ранците, се упативме во “Конак” на топол чај,  и од таму за Скопје.

Атанас Стојковски

Sky Bet by bettingy.com

За нас

Logo Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Наш најистакнат член е... Повеќе