Понеделнички кон Остри Врв 10.12.2012

После викендот со интензивни врнежи од снег, за понеделник имаше одлична временска прогноза со ведро и сончево време. Меѓутоа, во работен ден тешко беше да се собере екипа за во нова планинарска авантура, па останавме двајца. Изборот падна на Остри Врв како наша дестинација.

Во селото Патишка Река стигнавме околу 8:15 час. и термометарот во тој момент покажуваше -11C˚. Навистина, сончево и прекрасно, но екстремно студено утро. По куса подготовка во 8:30 часот тргнавме во освојување на Остри Врв. Се движевме со солидно темпо, борејќи се со поларниот студ, се до влезот во шумата. Пробивајќи се во се подлабок снег стануваше се потешко, а на Даниел дополнителен проблем му претставуваа проблемите со желудникот, два фактори што ужасно го успорија нашето движење. Кога конечно излеговме од шумата за прв пат ги почувствувавме и сончевите зраци, кои овој пат не нудеа ни грам топлина. Горе на сртот студениот ветар дополнително ја снижуваше и така ниската температура. Во бачилото стигнавме во 13 часот или за 4 и пол часа пешачење. Влеговме внатре за да се заштитиме од ветерот, каде одморивме подолго, носејќи одлука, сепак ова да биде нашата крајна дестинација за денеска. Назад тргнавме околу 13:45 час. и во селото бевме точно во 16 часот.

Така заврши оваа убава, снежна, сончева, понеделничка - екстремно студена авантура.

Алек

Алек

Sky Bet by bettingy.com

За нас

Logo Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Наш најистакнат член е... Повеќе