Кајмакчалан (2.521 м.н.в.) 9 - 11.11.2012

Кајмакчалан е еден од ретките врвови, кои како по некое непишано правило сите како да го избегнуваат. Поради тоа, решивме да отидеме и да го посетиме врвот. Во организација на Синиша, претседателот на ПД “18 август” - и Дуле, Цаци, Петар и Верче (жена на Синиша) стигнавме доцна вечерта во с. Скочивир.

Ливадички Врв 04.11.2012

Учесници : 8 члена (Оле, Дуле - Шулц, Лина, Николчо, Александра, Марија, Ивана и Макси)
Превоз – сопствен
Временски услови – одлични
Време за искачување – 5 часа
Време за симнување - 3 часа и 30 мин.
Должина 23 км.

Езерски Врв (2.354 м.н.в.) 21.10.2012 год

Некако спонтано ни се наметна идејата да ја изведеме акцијата на искачување на Езерски Врв. Причината е најверојатно што членовите на ПК “Македон” пред десетина дена го искачија  врвот Бистрица, кој е соседен на Езерски Врв. Од овде има неверојатна глетка на речиси целиот срт на Шар Планина, кој започнува од врвот Љуботен. Сакајќи уште еднаш да уживаме во преубавите предели, во неделата, Дуле (водич), Атанас, Петар, Дејан - Крле, Даре, Кате, Диме, Веле и неговиот другар, се упативме кон с. Јелошник (800 м.н.в.).

Илинска планина - врв Лиска (1.908 м.н.в.) 13–14.10.2012

Утрото, членовите на ПК “Македон“ - Кате, Даре, Оле, Лина, Анета, Цаци, Тања, Аце, Боби, Верче, Николчо со дечињата Бојан и Михаил и јас (Ана), сe упативме кон Илинска планина. Појдовме во 8 часот од Скопје и со една пауза на Стража и една за познатите питулици во Кичево, пристигнавме до црн пат, долг околу 9 км, но добро тампониран. Тој пат води до самиот манастир, кој е посветен на Св. Илија (1.525 м.н.в), сместен на падините на Илинска планина, од јужната страна на Кичевската котлина. Оваа планина е една од најстарите на Балканскиот Полуостров, а името го добила по пророкот Илија.

ТРАНСВЕРЗАЛА ПК “Македон” 05 - 07.10.2012

По  успешното  завршување  на проектот  “Планинарска Трансверзала Македон” -маркирање, расчистување и поставување  патоказни  табли  на планинарската патека која ги опфаќа планините: Јакупица, Мунџица и  Китка, во  должина од  51 км. со највисоката точка - врвот Солунска Глава (2.540м.н.в), ПК “Македон”  изведе тридневна планинарска акција, поминувајќи  ја должината  на  целата  патека.  Учесници во акцијата: Марјан -Макси, Слободан-Боби, Дебарлиев, Петар, Николчо, Верче, Никола Тануровски, Лина, Александра, Влатко, Горан и Цаци.

ПАТИШКА РЕКА – САЛАКОВИ ЕЗЕРА (незаборавно есенско уживање)

На  23.10.2012 година се одржа акцијата: Патишка Река – Остри Врв – Салакови Езера. На истата присуствуваа 23 члена, меѓу кои: Аце, Алек, Диме, Драгана, Дејан - Битола, јас (Александра), Боби алпинистот, Боби  фудбалерот, Тануровски, Петар, Ирина, двајцата Мартиновци, Марија Трпкоска, Марија Велевска, Цаци, Горан, Клементина, Мартин од Црвен Крст, Јури, Оле, Бојан и Мартин Ќортошев.

Вихрен (2914 м.н.в) – Тодорка (2746 м.н.в) – Каменица (2822 м.н.в)

Како и изминатите години, за празникот 11 Октомври, ПК “Мaкедон” изведе планинарска акција на планината Пирин во Р.Бугарија. Акцијата ја изведовме тројца членови од клубот: Јас (Дејан), Петар и Дуле во периодот од 11 - 14 октомври 2012 год.

Шар Планина: Три Води – Бистрица – Чаушица 11.10.2012

Помина првата недела од месец октомври, а со тоа започнаа и проблемите со  променливото време или подобро кажано, започнаа есенските дождови. Тоа беше и една од главните причини за неможност од закажување, договарање на планинарска акција неколку ден пред таа да се одржи.

КРЧИН (2.350 м.н.в.) 30.09.2012

Како што беше најавена и договорена планинарската акција, се изведе искачувањето на Крчин. На акцијата имаше неочекуван голем број на учесници, чиј број достигна до 28 учесници. Утрото, во 05:30 час. со три комбиња и една кола сите заедно тргнавме од пред поштата кај нова жележничка станица и се упативме кон село Ростуше.  Оттаму, по инструкции на водичот Слободан Јовановски-Боби, кој ни објасни дека патеката е долга 6,3 км и треба да се совлада вкупно 1.200 м.н.в. се упативме кон врвот Крчин кој е висок 2.350 м.н.в.

Sky Bet by bettingy.com

За нас

Logo Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Наш најистакнат член е... Повеќе