15-ти Меморијален марш „4 Алпинисти“

На 15-тиот по ред меморијален марш на Солунска Глава, во чест на четворицата алпинисти кои го загубија животот во снежна лавина во 1998 година, заминавме шест планинари од нашиот клуб

Зимско логорување на Титов Врв 29.11-02.12.2013

Падна првиот снег, а веќе беа најавени и нови обилни врнежи во текот на викендот. Временска прогноза која не ветува ниту за еднодневен излет во планина, но за нас беше дополнителен предизвик да ги провериме сопствените можности за логорување на поголема височина во најлоши можни услови. Изборот падна на Титов Врв.

Олимписко патешествие

После толку искачени врвови во нашата земја, решив да одам чекор погоре, и дојде денот кога тргнав во освојување на Олимп. Масивна планина со многу густи шуми, а делот со врвовите е целосно карпест - моќни карпи.

Водно – Матка – Водно 30.11.2013 година

Желни за едно добро и релативно долго пешачење, без притоа да се грижиме за организирање на превоз, откажувања, повторни пријавувања и слични зафрканции што знаат да се појават при организирање на некоја акција, решивме до максимум да го искористиме она што ни е на дофат на рака. Водно – Матка - Водно.

Роденденско искачување на Сандакташ

По многу размислување каде да го прославам мојот 30-ти роденден, на предлог на мојата пријателка и планинарка во ПК “Македон” - Цаци, решив истиот да го одбележам во Тајмиште, кој се наоѓа на околу 900 мнв при што истовремено би го искачиле и Сандакташ, на планината Стогово, висок 1.981 мнв.

Искачување на Езерски Врв со екипата на Бекстејџ

На 19.10.2013 година беше организирана една малку поинаква акција од страна на ПК “МАКЕДОН”. Имено, во еден неврзан разговор со еден од уредниците на Бекстејџ, беше предложена идејата да се изврши снимање на една наша планинарска акција, како би можел поголемиот дел од граѓаните да се запознаат со планинарењето од еден поинаков агол.

Ливадичко Езеро 22.09.2013

На редовниот состанок се договоривме да направиме планинарска акција до Ливадичко Езеро. За турата се пријавивме вкупно 17 планинари: јас-Ќос, Макси, Лина, Боби, Петар, Зоран, Борче, Емилија, Ирина, Александра, Маријана, Сања, Никола, Марта, Дејан, Костадина и Бојан.

Матерхорн 4477 мнв (јули, 2013)

Матерхорн – овој убавец на Алпите висок 4478 метри е сместен на границата помеѓу Италија и Швајцарија и без сомнение претставува еден од најпознатите врвови на планетата Земја. Врв што буди воздишки помеѓу планинарите и алпинистите, но и кај сите останати кои некогаш го виделе на фотографија.

Sky Bet by bettingy.com

За нас

Logo Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Наш најистакнат член е... Повеќе