Водно – Матка – Водно 30.11.2013 година

Желни за едно добро и релативно долго пешачење, без притоа да се грижиме за организирање на превоз, откажувања, повторни пријавувања и слични зафрканции што знаат да се појават при организирање на некоја акција, решивме до максимум да го искористиме она што ни е на дофат на рака. Водно – Матка - Водно.

И не беше тешко овој предлог да се реализира.

10 Планинари, меѓу кои: Боби алпинистот, Адријана, Дарко Јанески, Александар Миладиновски, Сандра, Ивана, Стефан Никовски, Петар Цветковски и јас – Александра, и да не ги заборавам трите кучиња што верно не следеа во текот на целото патешествие: Барт, Нара т.е. Мара и новоименуваната Снешка, кон Крстот тргнавме утрото во 6:40 ч.

Со оглед на тоа што снежни врнежи имаше пред три дена, како што е вообичаено, патеките кон врвот беа замрзнати. Но, движејќи се по нивните станични делови, без голем напор, на Крстот се искачивме по Димитар – Цветковата патека, отприлика за час и половина, каде направивме и пауза за доручек.

Временската прогноза за тој ден гласеше, облачно време до 14:00 и дожд и снег после 14:00 ч. но, сончевите зраци беа присутни, барем утрото.

Околу 8:30 тргнавме кон Кота, што љубевме да го нарекуваме базен Камп бр.2 :), каде стигнавме околу 11 часот. Таму сретнавме друга група на планинари од Македон, кои се беа упатиле од Матка кон Водно. Времето се уште солидно се држеше.

Oколу пладне бевме на манастирот Св.Никола Шишевски, каде направивме подолга пауза за ручек и уживавме во убавите пејзажи кои ги нуди овој предел.

Оттука, цврсто решени ова патување да го заокружиме како што го имавме испланирано, се упативме во обратен правец, искачувајќи се кон Кота. Повторно фотографирање со цел да го верифицираме нашето присуство на Кота и упатување кон Крстот, бидејќи сакавме да го избегнеме стемнувањето.

На крстот бевме пред 16:00 часот. Бевме среќни што на норвешката страница за временска прогноза знаат и да погрешат во проценката. Правејќи мала пауза, решивме да се симнеме по Пензионерската патека и така движејќи се, на полициската станица бевме околу 17:15 часот. Со тоа ја заокруживме нашата замисла, квалитетно да испешачиме 35 км.

По ова, повеќето од нас заслужено уживаа во сладок, сладок сон.

Александра

Александар

Sky Bet by bettingy.com

За нас

Logo Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Наш најистакнат член е... Повеќе