Искачување на Езерски Врв со екипата на Бекстејџ

На 19.10.2013 година беше организирана една малку поинаква акција од страна на ПК “МАКЕДОН”. Имено, во еден неврзан разговор со еден од уредниците на Бекстејџ, беше предложена идејата да се изврши снимање на една наша планинарска акција, како би можел поголемиот дел од граѓаните да се запознаат со планинарењето од еден поинаков агол.

Притоа беше одлучено акцијата да се изврши со искачување на Езерски Врв (2.014 мнв), на планината Бистра, тргнувајќи од планинарскиот дом на ПК „Македон“ во с.Беличица.

По предлог на екипата од Бекстејџ, тргнувањето од пред поштата кај новата железничка станица беше малку порано, во 08.00 часот, од каде што тргна група од околу 20 - тина члена.

Во домот бевме околу 10:00 ч. и според договорот започнавме со првото снимање во внатрешноста на домот, каде разговаравме за историјата на селото, причините зошто сме се одлучиле токму тука да земеме дом, како и за кратката биографија на нашиот Клуб.

Потоа, сите заедно се упативме кон нашата цел, тргнувајќи на самиот почеток низ преубавата шума. На наше изнанадување, екипата на Бекстејџ се движеше со задоволително темпо, особено со оглед на опремата за снимање која ја носеа со себе.

За кратко не ја ни забележувавме ни камерата, ни микрофоните и целата акција се претвори во вообичаено искачување.

По патот екипата ја снимаше природата, околните врвови, каде ги запознававме со тоа каква опрема треба да поседува еден планинар, како и за големото пријателство меѓу сите членови од друшвото, благодарејќи на честите дружење низ планините и природата.

На Езерски Врв стигнавме околу 13:00 ч. Само колку е убаво чувството кога ќе забележете како некој првпат се воодушевува на природата и пејзажите, што ние сме ги поминале повеќепати.

По паузата од околу половина час на врвот, уживајќи во прекрасната околина од едната страна со Мавровското Езеро, а од другата страна со гордиот Кораб, како и со врвот Меденица, поголемиот дел од учесниците се вратија во домот Беличица, а остатокот, решија уште малку да поужива на октомвриското сонце.

Како и вообичаено кога го посетуваме домот и овој предел, акцијата ја завршивме со закуска во домот, како би можеле соодветно да ги средиме впечатоците за искачувањето.

Со возилата од Беличица тргнавме нешто по 18:30 ч.

Подолу видео од емисијата на Бекстејџ од 29.11.2013 год. вториот прилог е акцијата со „Македон“

Александра

Цаци и Љупчо

Sky Bet by bettingy.com

За нас

Logo Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Наш најистакнат член е... Повеќе