15-ти Меморијален марш „4 Алпинисти“

На 15-тиот по ред меморијален марш на Солунска Глава, во чест на четворицата алпинисти кои го загубија животот во снежна лавина во 1998 година, заминавме шест планинари од нашиот клуб : јас – Алек, Дуле-Шулц, Дарко, Атанас, Емилија и Адријана. Во планинарскиот дом “Чеплес” пристигнавме во петок во вечерните часови и времето го искористивме за дружба со останатите планинари, која заврши околу полноќ.

Наредното утро, според планот направен од организаторот, појдовме во 8 часот сите заедно во колона од околу 50 планинари.

На Горна Бабина Дупка пристигнавме по два часа пешачење, а се задржавме кусо, поради студениот северен ветар и ниските температури на планината.

По полагањето венец и оддавањето почит на загинатите алпинисти, поголемиот дел од групата појде назад кон Чеплес, додека околу 10-15 планинари продолживме кон врвот Солунска Глава.

Движејќи се со солидно темпо на врвот бевме на пладне и се задржавме само 15-тина минути, за да се освежиме со топол чај и направиме неколку фотографии.

Во Чеплес се вративме во 14 часот, на вкусно планинарско гравче обезбедено од организаторот. Вечерта беше резервирана за проекција на филмот во чест на загинатите алпинисти, а потоа и дружба до раните утрински часови.

Наредното утро, неколку планинари уште еднаш појдовме до врвот Солунска Глава, а временските услови беа малку поповолни од саботните. По враќањето од врвот се спакувавме, се поздравивме со останатите планинари и го напуштивме Чеплес - до некоја следна авантура.

Александар Кирковски

Дуле Петрушевски - Шулц

Sky Bet by bettingy.com

За нас

Logo Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Наш најистакнат член е... Повеќе