Денот на планината на Доброшки (2.370 м.н.в.) и Езерски Врв (2.580 м.н.в.) 14.12. 2014 г.

14 декември - датум кој за планината, всушност, значи нејзин празник, односно, познат е како ден на планината во светски рамки. На овој ден, ширум светот се организираат најразлични активности кои имаат некаква врска со планината, па, затоа, сите планинари, љубители на природата сакаат овој ден да го поминат на планина...

Kружна тура Ливадичко езеро - врв Љуботен (2.499 м.н.в.) 26.10.2014

Некако се понадевав дека летото ќе потрае. Сепак, газев по снег во месец мај и јуни. И тоа доста. Па редно беше да пешачиме по сончевите планински падини во ноември. Но тој план не се оствари. Првиот снег падна уште веднаш откако се стопи, оној летниот.

Почеток на уште една зимска сезона

Некако се понадевав дека летото ќе потрае. Сепак, газев по снег во месец мај и јуни. И тоа доста. Па редно беше да пешачиме по сончевите планински падини во ноември. Но тој план не се оствари. Првиот снег падна уште веднаш откако се стопи, оној летниот.

Јабланица – плажа и малку духовност - 26-28.07.2014

Пред нас продолжен викенд од три дена. Совршенство за договор за неколкудневно уживање. Идеја имавме (на Анетка уште од минатиот викенд поминат на Илинска Планина), но дефинитивен договор не.

Камп на Корабски водопад (06-07.06.2014)

Длабока река е лева притока на Рибничка река, која пак е десна притока на реката Радика. На неа се наоѓа познатиот Корабски водопад , највисокиот водопад во Република Македонија од 136 метри, кој се јавува под врвот Мал Кораб во пролетните месеци со топењето на снегот.

Викенд на Солунска Глава (2.540 м.н.в.) 14-16.11.2014

Турата ја планиравме подолго време, но се нешто искрснуваше и се пролонгираше. Најпосле, на состанокот на Клубот решивме нашата идеја да ја реализираме овој викенд и воопшто не згрешивме-:). Следејќи го договорот, ние - шестмина (јас - Снеже, Цаци, Петар, Ханс, Марија и Виктор) одиме во петок со воз во 17:10 ч за Богомила, па такси до Папрадиште и ноќно пешачење до планинарскиот дом,Чеплес. А останатите (Оле, Љупчо - Кос, Анетка, Ема и Кире) доаѓаат во сабота рано со автомобили. И започнуваме на железничка со "ситуација".

Премиера на Reel Rock 9: Valley Uprising - Yosemite’s Rock Climbing Revolution

Ова е прва година на претставување на традиционалната Reel Rock филмска турнејата, со светски најдобрите и најгледани алпинистички филмови, во Скопје. Оваа година за прв пат македонската публика ќе има можност да го проследи и деветтото продолжение на Reel Rock, кое го носи долго очекуваниот документарен филм 'Valley Uprising' (Бунтот во Долината) на американските филмаџии Peter Mortimer и Nick Rosen.

Врв Руен (2.252 м.н.в), 21 септември 2014 г.

Каменица, Луковица, СА, СА! Така оди една песна која доаѓа од источните краеви на Македонија, а така и ние, преку Кочани, Македонска каменица, па преку рудникот Саса, нагоре кон Осоговската планина и врвот Руен, највисокиот на оваа планина распространета низ цел североисточен дел на Македонија, а богами и кон Пиринскиот.

Клубска акција “Алпи 2014“

После долги подготовки во пресрет на клубската акција на Алпите најавена за оваа година, дојде време за поаѓање. Сите единаесетмина одлично подготвени за предизвикот на 05.07.2014 рано наутро поаѓаме од Скопје и прва станица треба да ни биде малото место Алања во Италија, сместено во подножјето на масивот Монте Роса.

Голем Крчин (2.341 м.н.в.) 1 јуни 2014

Први јуни. Летото веќе одамна би требало да е започнато. Но, не е. Дождовите не се смирија, а снеговите се насекаде по планините. Но, поривот за искачување не стивнува, па какво и да е времето.

Sky Bet by bettingy.com

За нас

Logo Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Наш најистакнат член е... Повеќе