Премиера на Reel Rock 9: Valley Uprising - Yosemite’s Rock Climbing Revolution

Ова е прва година на претставување на традиционалната Reel Rock филмска турнејата, со светски најдобрите и најгледани алпинистички филмови, во Скопје. Оваа година за прв пат македонската публика ќе има можност да го проследи и деветтото продолжение на Reel Rock, кое го носи долго очекуваниот документарен филм 'Valley Uprising' (Бунтот во Долината) на американските филмаџии Peter Mortimer и Nick Rosen.

Деветтата по ред Reel Rock филмска турнеја, што започнува на 11-ти септември и трае се до јануари 2015 година, ги прикажува најдобрите филмови за алпинистичките авантури на публиката ширум светот. Така, оваа година, заедно со скоро сите поголеми градови низ светот, со поддршка од Амбасадата на САД и Скопје ќе ја има несекојдневната можност да ја гледа премиерата на најновото издание на Reel Rock во поднаслов “Valley Uprising - Yosemite’s Rock Climbing Revolution”. Reel Rock проекциите се духовни настани каде алпинистите, авантуристите и љубителите на природата се здружуваат за да ја прослават и искусат сржта на авантуристичкиот филм. Дел од забавата на Reel Rock настаните секогаш се и различните презентации, доделување на награди, присуството на врвни алпинисти, кратки филмови и претставувања... чиј дел ќе го имаме и на овој настан. Така на скопското издание ќе има и претставување на гостите од Србија Оutdoor collective, кратки видеа од српската качувачка сцена, презентација за етика во качувањето под наслов “Не оставај трага”, проекција на видеото Commit to The Pact на Access Fund, интервју со Brady Robinson од Reel Rock Tour Белград, презентација на Александар Кирковски по повод 150 години од првото искачување на Матерхорн, изложба на оutdoor фотографии од Македонија на Христијан Трајчевски и Тони Димитров и уште многу други изненадувања.

Деветтото продолжение на Reel Rock филмската турнеја го вклучува и прикажувањето на долгометражниот документарен филм “Valley Uprising” (Бунтот во Долината), најзначајната нераскажана приказна посветена на Американската контра-култура и алпинистите од Јосемитската долина. Во изминативе 50 години, пространите гребени на Јосемити долината ги поттикнаа истражувачите и авантуристите да го напуштат материјализмот и да им се препуштат на авантурите низ високите, пусти гранитни плочи. Епскиот карактер на Јосемити внесе „крајно боемски“ стил на живот меѓу качувачите во долината, хранејќи се само со варени компири и црвено вино, судирајќи се со авторитетите од националниот парк и остварувајќи ги најсмелите алпинистички потфати на планетава. Пренесувајќи го факелот низ три генерации алпинисти, преку ривалството, трагедиите и триумфите, уметноста на алпинизмот на Јосемити се разви над сите очекувања. “Valley Uprising” е незаборавна приказна за оваа смела традиција; половина век борба со законите на гравитацијата и законите на земјата.

Ова е приказна за создавањето на еден специфичен стил на живот, историја на развојот на еден значаен аспект од американската (контра)култура, поезија за една голема планина и елегија за подвигот на цела една генерација авантуристи. Ова е забавен филм на сериозна тема. Ова е филм кој не смее да го пропуштат љубителите на природата и авантурата!

Програма на REEL ROCK 9 Скопје:

  • Кратко видео од REEL ROCK TOUR Белград и интервју со Brady Robinson
  • Кратки видеа од српската качувакча сцена
  • Претставување на Оutdoor collective
  • Проекција на видеото Commit to The Pact на Access Fund
  • “Не оставај трага” - презентација за етика во качувањето
  • 150 години од првото искачување на Матерхорн (Александар Кирковски - ПК Македон)
  • Изложба на фотографии од Македонија (Христијан Трајчевски и Тони Димитров)
  • Проекција на Reel Rock 9: Valley Uprising - Yosemite’s Rock Climbing Revolution

За Valley Uprising:

Во долината Јосемити, Калифорнија - местото на високи гранитни ѕидови и светски најпознатиот национален парк - се случува епска драма на ривалство, авантура и бунт во текот на изминатиот половина век. Се започнува во Америка во доцните 1950-ти, кога битниците го затресоа комфорот на џез клубовите во Сан Франциско, додека друга група брадести млади луѓе се насочи кон планините во Сиера Невада, насочени кон тоа да ги прекршат правилата на нивен начин. Заменувајќи го комфорот на припадноста на средната класа со можноста да станат легенди, тие намислија да го сторат непоимливото: да ги искачат 3000 стапки високите, исправени ѕидови на Јосемити.

Valley Uprising е документарец што ја раскажува оваа извонредна приказна. Преку дигитално анимирани фотографии од архивите, спектакуларни филмски сцени од денешнината и минатото и интервјуа со великаните од Јосемити, Valley Uprising ја раскажува приказната за храбрите мажи и жени кои ги прекршија правилата и ги редефинираа границите на човековите можности во најлегендарниот национален парк во Америка.

Филмот Valley Uprising веќе се закити со Grand Prize наградата на Banff Mountain, еден од најзначајните филмски фестивали за планински филм.

За Reel Rock:

Во 2013, Reel Rock се емитуваше на повеќе од 400 локации во светот, привлече повеќе од 100.000 публика, собра над 35.000$ за разни активистички цели, склучи партнерство со повеќе од 150 разни претставници, качувачки и болдер сали и забележа извонредна медиумска покриеност и пофални критики.

Sky Bet by bettingy.com

За нас

Logo Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Наш најистакнат член е... Повеќе