Црн врв – Кобилица, 4 октомври 2015

По препорака на еден другар се пријавив во планинарското друштво Македон за турата на Кобилица. Во 5 часот наутро после Белата ноќ во Скопје, кога градот не спие, јас си се спремав за Шара. Тргнавме во 6 часот од паркингот на Веро по еден пат по кој не знам дали би возела некогаш во животот, но кога ќе размислам, после турата дефинитивно вреди повторно да се посети.

Стигнавме околу 9 часот во селото Вејце, навидум мало селце од кој одекнуваше музика бидејќи имаше свадба уште по сабајле. Тргавме по патеката обележана со маркацијата предводена од искусни планинари. Со музиката (од свадбата) во позадина, движејќи се благо нагоре, увидовме дека тргнавме сосема кон десно, по патека која не водеше кон друг врв - Црн врв. Но од таму се гледаше дека лесно и по рамно може да се пристигне и до предвидената Кобилица. Пешачевме неколку часа и првата пауза беше на една преубава чешма која личеше на џакузи од бетон, со преубава ладна вода и поглед кон сонце што ѕирка од планините и облаци кои мислиш дека се блиску до тебе. Јас бидејќи немам толку искуство во планинарењето, ја оставив турата да ја пресводат водачите.

Како храбри планинари, во кој влегов и јас, тргнавме кон двата врва, а веќе сме на пола пат. Позитивни со огромна желба и ентузијазам со преубав поглед кон бесконечноста и сонце што ни се насмевнуваше постојано, тргнавме да ги искачиме и двата! Планината сама не тераше да го направиме тоа. За кратко го искачивме Црв врв (2585 м.). Не го видов времето на искачувањето, но не беше ни битно, единствено знам дека имав огромна радост. Планинарите ми честитаа бидејќи јас стапнав прва (секако ми дадоа предност да се радувам:). Но времето нагло почна да се менува и да не плаши, дека песочниот часовник на планина истекува за искачувањето на другиот планиран врв. Јас не сакав да се откажам бидејќи верував дека можеме да отидеме и до таму.

Тргнавме надолу за да го почекаме остатокот од групата кој побавно се приближуваа до подножјето на Црн врв. Но само што стигнавме долу на патеката почна да паѓа магла за кој не беа потребни повеќе од 15 мин. да не поклопи целосно. Малку бевме тажни дека нема да го видиме врвот Кобилица дека ќе се вратиме порано дома, но во такви услови одлуката беше доенсена и не можевме ништо. Продолживме да ШАРАме низ Шара со надеж дека ќе помине маглата и дека времето ќе застане на наша страна и на крај сепак ќе имаме среќа.

Маглата се подигна малку, сосем доволно за да не поведе ентузијазмот и да се решиме дека продолжуваме кон другиот врв Кобилица полни со ентузијазам, позитивна енергија и смеа. Беше тешко и малку напорно бидејќи Кобилица е стрмна, но знаевме дека е кратка и верувавме дека брзо ќе го завршиме патешествието. Дури ги видов и печурките кои ствараат халуцинации, а за кои досега немав чуено. Со кратки паузи и боровинки по пат, го качивме и врвот Кобилица (2528 м.)! Се сликавме многу за да го овековечиме успехот, но за жал без знаме, бидејќи комплетно го заборавивме. Погледот кон бесконечноста се стесни, бидејќи за кратко, за жал повторно падна магла, но овојпат врнеше и дожд. Но дождот не е толку лош, кога после него ќе се појават две преубави виножита кои ги покриваа двата дела на планината.

Планинарите, вклучувајќи ме и мене беа пресреќни за искачените два врва, но и за овие прекрасни слики кои постојано се појавуваа една по друга пред нас, не завршувајќи ги изненадувањата на оваа тура. Водачите сталожени и храбри ја водеа групата низ маглата и дожд надолу по стрмната Кобилица.

Така некако стигнавме до крај на ова патешествие, кое започна со идеја да се искачи еден врв, но биднаа два, па во еден ден тоа беа моите втор и трет врв искачен воопшто (после Кораб). И да цитирам еден планинар чија изјава нема да ја заборавам: Не беше грешка што згрешивме. Ви благодарам дечки за прекарсното искуство.

Елена Блажевска

Тони Димитров

Sky Bet by bettingy.com

За нас

Logo Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Наш најистакнат член е... Повеќе