ПК Македон на северен кулоар на Бориславец (06.12.2015)

Викендот шестчлена група планинари од ПК Македон го искачија врвот Бориславец, Шар Планина преку северен кулоар во близина на Боговинско езеро.

Стартувавме од с. Ново Село - Боговиње,Гостиварско. Го заобиколивме Боговинско Езеро и се упативме кон врвот Бориславец. Решивме да го искачуваме преку северниот кулоар. Кулоарот беше долг околу 300 м. снегот на почетокот беше длабок, а при врвот се помалку го имаше. При качувањето сретнуваме и сипар, па затоа моравме да бидеме многу внимателни. На одредени места бевме принудени да користиме и цепин.

Косината при искачување изнесуваше од 30°до 40°. На акцијата учествуваа членовите на ПК Македон: Петар Ивановски, Дејан Тодевски, Димитар Павловски, Дејан Атанасов, Дарко Јаневски и Андреја Јакимовски.

Петар Ивановски

Сите

Sky Bet by bettingy.com

За нас

Logo Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Наш најистакнат член е... Повеќе