Пролетно искачување на Љуботен 2.499 мнв (03.05.2015)

Љуботен, прва лекција кога е во прашање планинарењето. Еден од поубавите врвови. Мојот омилен. Кога би ме прашале зашто омилен, би одговорил: можеби поради енергијата. Секој врв еманира со посебна енергија. Е, токму Љуботен ја зрачи онаа енергија која го прави толку посебен. Можеби поради пирамидалниот изглед. Можеби и поради тоа што ја крунисува Шара на нејзиниот раб. Сепак, беа тоа дел од причините поради кој се одлучив за искачување на овој врв. До сега македонските планини беа покриени со навистина многу снег.

Зимско искачување на Триглав (12-15.03.2015)

Според клубската програма за 2015 година во месец март беше најавена акцијата “Зимско искачување на Триглав 2864 мнв“. Јас како предлагач на акцијата ја имав и улогата на организатор и водич на истата, а за учество се пријавија: Дуле Петрушевски и Дејан Тодевски (ПК Македон - Скопје), Маја Бошкоска (ПК Кораб - Скопје), Димитар Јовановски (ПСК Руен – К.Паланка) и Влада Џорџевиќ (ПК Железничар – Врање).

Вихрен преку Џамџиев раб (17.01.2015)

На 17.01.2015 година, во тричлен состав заедно со Един и Дејан, реализиравме искачување на врвот Вихрен 2914 мнв преку Џамџиев раб - источниот гребен кон врвот. Ние ја минавме варијантата која најчесто се користи во зима (обележана со бр.5) и се приклучува на гребенот на околу 2350 мнв од југоисточна страна.

Зимско искачување на Олимп, 09-11.01.2015

Планината Олимп е прекрасна во секое годишно време, но ако ме прашате мене најубава е во зима. Можеби затоа што сум приврзаник кон престојот на планина во зимски услови. Токму затоа и ја предложив оваа клубска акција во месец јануари.

Кожле - Карабуниште 04.04.2015 г.

Како и секоја година, така и оваа, ПК "Македон" го славеше својот роденден.

Ова е првата официјална планинарска акција од пред седум години, изведена од наши членови од с. Кожле (катлановско) до с. Карабуниште (велешко).

Искачување на Мусала (14-15.02.2015)

Планот кој го кроевме на Вихрен за искачување на Мусала во некој од следните викенди беше на пат за реализирање. Викендот што измина (14 – 15 февруари) беше најавен како идеален за искачување на највисокиот врв на Балканот, сончев со слабо ветерче, никогаш подобро.

Искачување на Вихрен, Пирин планина, 16-18.01.2015

Идејата за искачување на Мусала (2925 мнв), највисокиот врв на Балканот, среде јануари беше на пат за остварување, но покрај тоа што „цела Македонија“ реши да оди таму овој викенд, повеќе планинарски друштва од Македонија веќе го резервираа домот и немаше место за нас 4-рицата, и во 5 до 12 го променивме планот, ќе го качуваме Вихрен на Пирин, трет највисок врв на Балканот, втор во Бугарија. Кога размислив, идејата беше фантастична, долго време ми беше во план и бидејќи воопшто го немав качено си реков „Уште подобро!“.

Sky Bet by bettingy.com

За нас

Logo Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Наш најистакнат член е... Повеќе