Стефани и Митикас во зима - 2 во 1 (13.01.2016)

На 13.01.2016 година двајца членови на ПК Македон, Александар Кирковски и Дејан Тодевски, ги искористија поволните услови и малата количина на снег за да реализираат несекојдневен потфат за овој период од годината - еднодневна акција со искачување на врвовите Митикас (2918 м) и Стефани (2909 м) на планината Олимп.

Од местото Горциа (1100 м) стартувале во 04 часот наутро, опремени со мали ранци (22 литри) и само најнеопходната опрема за вакво искачување. Движејќи се со брзо темпо и речиси без паузи пристапиле до платото на 2600 метри од каде преку класичниот пристап низ источните кулоари (40 - 45 степени) најпрвин го искачиле врвот Митикас, а потоа и Стефани. Според нив условите за искачување биле поволни со компактен и тврд снег во повисоките делови на планината, а наместа низ кулоарот на Митикас и мешани секции од карпа и мраз.

Со себе носеле 20-метарско јаже користејќи го за обезбедување само на завршните секции од успонот на Стефани. За време на искачувањето временските прилики биле крајно променливи со сончеви периоди, облаци, кратки врнежи од снег и повремен засилен ветар. Според евиденционите тетратки поставени на двата врва ова се првите искачувања во календарска 2016 година. Назад до Горциа (1100 м) се вратиле во 16 часот, по 12 часа минати на планината, поминати 23 километри и искачени околу 2500 висински метри.

ПК Македон

Алек

Sky Bet by bettingy.com

За нас

Logo Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Наш најистакнат член е... Повеќе