Роденденска акција Кожле - Карабуниште (10.04.2016)

Клубот Македон си го дочека и својот 8-ми роденден, па по тој повод беше организирана акцијата Кожле - Карабуниште, како традиционална акција која се оди секоја година, бидејќи на оваа акција пред 8 години беше зачната идејата за Македон.

Денот недела, 10-ти април, според прогнозите навидум се очекуваше облачно, со продор на краткотрајни врнежи, но бидејќи беше роденден, и акцијата да испадне квалитетна и убава, времето се смилува и ни огреа сонце.

Утрото на 10-ти април пред Пошта на железничка почнаа да се собираат голем број луѓе од сегде низ Скопјево, желни за убава лежерна прошетка и издувување од градските средини. Се наполнија две големи комбиња, и уште 10тина автомобили и се упативме кон село Кожле.

Се собравме сред село, на стартната точка, можеби повеќе од 80-90 души, водичите тргнаа по козјите патеки кон село Карабуниште со што го означија стартот на акцијата.

Патеката претежно лесна за пешачење, на кратки секции мали стрмни делови кои не претставуваа проблем за никого. Пределот кој го поминувавме навистина нуди преубави погледи и пејсажи, кои сме ги гледале само кога сме поминувале по автопатот за Велес, а сега директно да го пропешачиме овој предел и да го осетиме од прва рака. Да се чудиш каква убавина може да ти пружи Таорската клисура.

Сама атракција долж оваа патека претставува висечкиот мост преку реката Вардар, тука се поминуваше по групи од по неколку души, ради носивоста на мостот.

Околу 2 часа пешачење стигнавме во манастирот Св. Илија под село Карабуниште, каде целата група се собра и направи кратка пауза и освежување на чешмите, за потоа уште некои 20-тина минути да продолжи до село Карабуниште.

Сред село се собраа сите, на поголема пауза од пешачењето, но акцијата не заврши овде, туку повторно назад по патеката за село Кожле, но овој пат со мало скршнување преку реката Пчиња до манастирот Мала Богородица, каде запоседнавме на клупи на поголема закуска, пиење и уживање на сонцето кое продираше низ дрвјата.

Околу 16 часот целата група полека почна да пешачи по мала стрмна патека која се приклучува кон патеката за село Кожле, кое не делеше на некои 40-тина минути.

И за крај не е роденден ако нема торта, така што претседателот на клубот обезбеди за секој учесник по некој еклер, кој како ќе стигнеше на целта за награда му следуваше еклер.

Конечно акцијата овде и заврши, секој се прибираше по автомобилите и комбињата на пат за дома, а овој ден сепак ќе остане запаметен како убаво поминат ден во природа и со убави луѓе. Следната година пак!

Во продолжение уживајте во видео записот:

Деско

Шулц, Тони

Sky Bet by bettingy.com

За нас

Logo Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Наш најистакнат член е... Повеќе