Гросглокнер 3798 м / Ортлер 3905 м (26.06. - 02.07.2017)

Искачување на Гросглокнер 3798 м и Ортлер 3905 м (26.06. - 02.07.2017)

Организатор: Планинарски клуб “Македон“

Број на места: 7

Цена: 400 евра

Програма:

1 ден. – Поаѓање од Скопје во попладневните часови

2 ден. – Пристигнување во Австрија рано наутро и по кратки подготовки поаѓање од местото Lucknerhaus (1925 m) кон планинарскиот дом E.Johann (3500 m). Искачувањето трае околу 4 - 5 часа. Сместување во планинарскиот дом.

3 ден. – Искачување на врвот Гросглокнер 3798 мнв по класичната рута (PD+ / UIAA II / 40°) и враќање до Lucknerhaus (1925 m). Потребно време 6 - 8 часа. Ноќевање во домот.

4 ден. - Трансфер до гратчето Солда (Јужен Тирол, Италија) и искачување до планинарскиот дом J.Payer (3029 m). Сместување во планинарскиот дом

5 ден. - Искачување на врвот Ортлер 3905 мнв по класичната рута (PD+ (UIAA / III+ / 40º) и враќање во Солда. Ноќевање.

6 ден. - Резервен ден во случај на лоши временски услови.

7 ден. - Враќање во Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

 

 Во цената е вклучено:

-          Превоз

-          Ноќевањa со појадок во дом E.Johann и Lucknerhaus

-          Ноќевање со појадок во дом J.Payer

-          Ноќевање во Солда + уште едно ноќевање каде ќе има потреба

-          Два дена обука на Матка за техники и движење на карпест терен

-          Организација и водство на акцијата

 

Пријавување:

- Крајниот рок за пријавување е до 01.06.2017 година (или до пополнување на местата)

со уплата на 50% од вкупната сума

Инфо на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или 070390540 (Алек)


Водич на акцијата: Александар Кирковски

 

* За искачување на врвовите Гросглокнер и Ортлер потребна е одлична психофизичка подготовка и планинарско искуство во летни и зимски услови. Иако се работи за класични рути на двата врва, искачувањата содржат и минување на карпест и технички терен за што задолжително за сите учесници е да минат два дена обука на Матка пред заминување на акцијата. Организаторот има право по проверка на пријавените кандидати доколку смета дека некои од нив не ги исполнуваат условите за учество истите да ги одбие. Организаторот обезбедува лиценциран водич и по потреба помошник водич на акцијата со соодветно искуство и подготовка од најмалку еден степен по француската скала (IFAS) над наведените искачувања и претходно искуство на овие и слични врвови. Тие ќе ги водат искачувањата и наврските, но исто така ова е планинарска акција каде секој учесник на акцијата треба да има исполнето минимум на подготовка и искуство и доаѓа на сопствена одговорност и одговара за сопствената психофизичка состојба. Акцијата ќе се реализира доколку во наведениот рок се пријават најмалку 3 учесници. Во случај на крајно лоша временска прогноза или услови организаторот има право да ја одложи/откаже акцијата непосредно до самиот ден на поаѓање и во таков случај на учесниците им се враќа комплетната уплатена сума.

  

Sky Bet by bettingy.com

За нас

Logo Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Наш најистакнат член е... Повеќе