Пречење на Мон Блан 4810m (италијанска-француска страна / 04.07 - 12.07.2017)

Организатор: Планинарски клуб “Македон“ - Скопје
Број на места: 7
Цена: 650 евра

Искачувањето на класичната италијанска рута до врвот Мон Блан преку домот Гонела претставува сосема поинакво планинарско искуство од класичната француска рута. Комплетно различен и малку потежок планинарски пристап до врвот, избегнувајќи ги големите гужви од планинари и туристи на француската страна. Патеката на движење минува преку глечери и снежен гребен, следејќи една природна линија на искачување. Наоколу можат да се видат огромните стени и стрмен релјеф каде се наоѓаат некои од најатрактивните алпинистички насоки на масивот Мон Блан. Ова искачување нуди прекрасни пејсажи и претставува незаборавно искуство. Спуштањето е преку класичната француска рута со ноќевање во домот Тет Рус, како и посета и ноќевање во популарното гратче Шамони. Водич на акцијата е Александар Кирковски кој досега има четири успешни искачувања на врвот Мон Блан, комбинирано и од француска и од италијанска страна, како и значајно искуство на Алпите воопшто. Акцијата е предвидено да се реализира во мала група составена од 5 до 7 учесници, а со тоа да се запази безбедноста и ефикасноста на искачувањата. Доколку бројката на учесници е поголема од 5, клубот ќе обезбеди и помошник водич исто така со соодветно искуство за ваков тип на акции. 

Видео од минатогодишната акција: https://vimeo.com/174498856

Програма:
1. Скопје – Италија.
2. Пристигнување во Cervinia. Сместување во хостел и слободен ден.
3. Аклиматизационо искачување на врв Брајтхорн 4165 мнв (со жичара до Плато Роса 3480 мнв)
4. Трансфер до Courmayer, Val Veny. Сместување во камп и средување на опремата.
5. Искачување до домот Gonella 3072 m. Ноќевање во домот.
6. Искачување на врвот Mont Blanc 4810 m и спуштање на француска страна до домот Tete Rousse. Ноќевање во домот.
7. Симнување до Nid d'Aigle 2370m, од таму со трамвај до Chamonix. Сместување во камп и прошетка низ градот.
8. Резервен ден
9. Враќање назад во Македонија.


Во цената е вклучено:
- Превоз
- 2 ноќевања во хостел во Cervinia/Valtournenche
- 1/2 ноќевања во камп во Courmayer, Val Veny.
- Ноќевање во камп во Chamonix.
- Ноќевање во планинарски дом Gonella и ноќевање во дом Tete Rousse.
- Жичара на Брајтхорн и планинска железница на Мон Блан.
- Организација и водство на акцијата.


Пријавување:
- Рок за пријавување: До 15.05.2017 година, со пополнување пријава и уплата на аконтација од 250 евра.

Инфо на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или 070390540 (Алек)


Водич на акцијата: Александар Кирковски


* Искачувањето на врвот Мон Блан бара одлична психофизичка подготовка и планинарско искуство. Во периодот пред акцијата водичот на истата ќе организира неколку заеднички тренинзи и припремни акции. Секој учесник е должен да посети спортска медицина во период од 3 месеци пред изведувањето на акцијата. Организаторот има право да изврши проверка и селекција на пријавените кандидати и доколку смета дека некои од нив не ги исполнуваат условите за учество истите да ги одбие. Секој учесник во акцијата доаѓа на сопствена одговорност и одговара за сопствената психофизичка состојба.

Sky Bet by bettingy.com

За нас

Logo Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Наш најистакнат член е... Повеќе