Гросглокнер 3798 мнв (25-29.06.2018)

Искачување на Гросглокнер 3798 м (25.06. - 29.06.2018)

Организатор: Планинарски клуб “Македон“

Број на места: 4

Цена: 300 евра

Програма:

1 ден. – Поаѓање од Скопје во попладневните часови

2 ден. – Пристигнување на Lucknerhaus 1900 м и поаѓање кон домот E.Johann (3450 м). Сместување.

3 ден. - Искачување на врвот Гросглокнер 3798 мнв по класичната рута (PD+/ UIAA II+/ 40º) и враќање до Lucknerhaus. Ноќевање.

4 ден. - Резервен ден во случај на лошо време, услови.

5 ден. - Поаѓање кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

 

 Во цената е вклучено:

-          Превоз

-          Ноќевања со појадок во планинарски дом E.Johann Hutte и Lucknerhaus

-          Основна еднодневна обука и проверка за движење по технички терен

-          Организација и водство на акцијата

 

Пријавување:

- Крајниот рок за пријавување е до 10.06.2018 година (или до пополнување на местата)

со уплата на 30% од вкупната сума на трансакциска сметка на ПК Македон 

Инфо на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или 070390540 (Алек)


Водич на акцијата: Александар Кирковски

 

* За искачување на врвот Гросглокнер потребна е добра психофизичка подготовка и планинарско искуство во летни и зимски услови. Иако се работи за класична рута финалниот дел од искачувањето содржи минување на карпест и технички терен за што задолжително за сите учесници е да минат основна обука на Матка пред заминување на акцијата. Организаторот има право по проверка на пријавените кандидати доколку смета дека некои од нив не ги исполнуваат условите за учество истите да ги одбие. Организаторот обезбедува планинарски водич со соодветно искуство и подготовка од најмалку еден степен над наведеното искачување. Водичот го координира искачувањето и обезбедувањето на поедини секции, со јасна напомена дека ова е планинарска акција каде секој учесник треба да има подготовка и искуство за самостојно движење, потпишува изјава и доаѓа на сопствена одговорност. Секој учесник одговара за сопствената психофизичка состојба. Акцијата ќе се реализира доколку во наведениот рок се пријават најмалку 3 учесници. Во случај на крајно лоша временска прогноза или услови организаторот има право да ја одложи/откаже акцијата непосредно до самиот ден на поаѓање и во таков случај на учесниците им се враќа комплетната уплатена сума.

* Задолжителна техничка опрема: дерези, цепин, шлем, појас, 2 карабинери

 

Sky Bet by bettingy.com

За нас

Logo Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Наш најистакнат член е... Повеќе