Планинарски домови

Детски планинарски дом „Папрадиште“ - с. Папрадиште

Управува: Еколошка групација „Green power“ - Велес
Пристап: Пристап по асфалтен пат, оддалечен 53 км од Велес.
Местоположба: с. Папрадиште (970 мнв), на план. Јакупица. Капацитет 35 кревети. Во зима загревање со печки на дрва.
Сместување: Цена 200 денари за првата ноќ, 150,00 ден за секоја следна. Можни се групни посети со обезбеден готвач и три оброци дневно, по договор.
Раб. време: викенди од петок до недела.
Контакт: 075-757-297, 071-669-226

Основна патека:
До ж. станица Ореше 5,5 км;
До планинарскиот дом „Чеплес“ 4,5 км.

Споредни патеки:
Пешачење до планинарскиот дом „Стровија“ (околу 720 мнв)во с. Стровија, должина на трасата околу 23 км. Можност за искачување на Бел Камен (2074 мнв), со одвојување од главната траса од сртот некаде на 12,5 км од Папрадиште (до врвот и назад до точката на одвојување вкупно околу 5,5 км). Од врвот Бел камен на 3 км пешачење по срт во правец југозапад се наоѓа пештерата Бел Камен (околу 1550 мн). Од неа може да се направи спуштање надолу до Крапска река (околу 1300 мнв) и потоа по стара патека да се оди во правец североисток, покрај остатоци од глацијална река во месноста Грмада, и да се направи круг односно да се стигне на почетната точка на сртот (околу 2000 мнв) од каде се одвојува трасата кон Бел камен. Вкупната должина на оваа кружна траса е околу 11,5 км.
Пешачење кон с. Нежилово, и од таму можност за искачување до Бегови вирови (врв Кале 2112 мнв)
До с. Горна Белица преку Плавник.

Останати патеки:
До с. Ореше
До с. Нежилово

Планинарски дом „Караџица“

Управува: Планинарско друштво „Драчево“ - Скопје
Местоположба: под планината Мумџица на 1450 мнв. Капацитет кревети.
Пристап: Пристап по асфалтен пат до Преслап а потоа по шумски пат (на места тампониран).
Сместување: Цена ден.
Раб. време: Домот е постојано отворен.
Контакт: 075-225-232; 070-238-763

Основна патека: До Руски споменик, 7,7 км. До Преслап 4,5км.

Споредни патеки на трансверзалата: До план. дом „Даре Џамбас“ на планината Водно, должина околу 26 км.

Останати патеки:
До Салакови езера
По сртот на планината Мумџица.

Планинарски дом „Даре Џамбас“

Управува: Планинарски спортски клуб „Бистра“ - Скопје
Местоположба: веднаш под врвот Крстовар на планината Водно, се наоѓа на 1060 мнв. Капацитет 35 кревети.
Пристап: Пристап по асфалтен пат, 4,5 км од Скопје. На Средно Водно има рампа и пристапот е ограничен. Може да се дојде до него и со жичарата која тргнува од Средно Водно.
Сместување: Цена ден.
Раб. време: викенди од петок до недела, во празници и во летниот период.
Контакт: 070 220 166, 075 618 622

Споредни патеки на трансверзалата: До план. дом Караџица, должина околу 26 км.

Останати патеки: До Матка – 2,30-3 часа, по самиот срт на планината Водно, потоа до Китка – 4,30 часа.

Планинарски дом „Китка“

Управува:
Местоположба:
Сместување: Цена ден.
Раб. време:
Контакт:

Основна патека:
До с. Горно Количани
До Преслап

Споредни патеки на трансверзалата: До Зелениково (ж. станица Зелениково)

Останати патеки:

Планинарски дом „Белица“

Управува: Спелеолошко друштво „Пеони“ - Скопје
Местоположба: во с. Горна Белица, претходно училиште
Пристап: Со асфалтен пат е поврзан со регионалниот пат до Мак. Брод.
Сместување: Цена ден.
Раб. време: Во договор со управувачите од СД „Пеони“.
Контакт: 070-311-657

Споредни патеки на трансверзалата: До врв Солунска глава. До план. дом Чеплес.

Останати патеки: Поврзување со патеките на територија на ЈП „Јасен“.

Планинарски дом „Чеплес“

Управува: Планинарско друштво „Солунска глава“ - Велес
Местоположба: на Јакупица.
Пристап: Преку с. Папрадиште по шумски пат. Преку с. Нежилово по стар тампониран пат до бачилата, и потоа шумски пат до самиот дом. Заради можни зимски лавини и лизгања на земјиште да се проверува дали се проодни двата правци.
Сместување: Цена ден.
Раб. време: во викенди, во празници и во летниот период, претходно да се провери.
Контакт: 070-887-678.
Основна патека: До врв Солунска глава 7,7 км. До с. Папрадиште 4,5км.

Споредни патеки на трансверзалата:
До извор на река Бабуна.
До с. Нежилово, и потоа искачување на Бегови вирови (врв Кале). Од врвот спуштање во с. Бистрица.
До план. дом во с. Горна Белица, од преслапот над Горна бабина дупка (основна патека на трансверзалата) преку Солунско поле симнување во с. Горна Белица.
Останати патеки: До бачилата на Плавник.

Планинарски дом „Стровија“

Управува: Железнички планинарски клуб „Китка“ - Скопје
Местоположба: во с. Стровија, поранешно училиште, на 720 мнв.
Пристап: Со асфалтен пат е поврзан со с. Гостиражни, оддалечено на половина час пешачење, во с. Гостиражни има ж. станица.
Сместување: Цена ден.
Раб. време: Во договор со домаќините.
Контакт: 075-688-594

Споредни патеки на трансверзалата:
До железничка станица Ореше (крајна точка на трансверзалата) преку Орешка чука.
Пешачење до планинарскиот дом „Грин Пауер“ во с. Папрадиште, должина на трасата околу 23 км. Можност за искачување на Бел Камен (2074 мнв).

Останати патеки:

Планинарски дом „Исак Русо“

Планинарскиот дом се наоѓа на Бегово поле, на 2000 мнв. Не е активен.

Планинарски дом „Бреза“

Планинарскиот дом се наоѓа на планината Голешница, во месноста Бреза. Не е активен.

Sky Bet by bettingy.com

За нас

Logo Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Наш најистакнат член е... Повеќе