Споредни патеки

Споредни патеки на трансверзалата „Македон“

Покрај основната патека на трансверзалата, предвидено е со следни проекти да се уредат (маркирање, поставување информативни и патоказни табли) и следните споредни патеки:

1. С. Патишка река – Остри врв – планина Убава - Салакови езера – извор на р. Кадина – Јурукова карпа – врв Солунска глава;
2. С. Патишка река – врв Миленков камен – врв Караџица – Попово брдо – Солунско поле – Солунска глава);
3. Врв Крстовар (Водно) – Марков манастир – Планинарски дом „Караџица“;
4. Зелениково – врв Красна – Планинарски дом „Китка“;
5. План. дом „Караџица“ - Салакови езера;
6. План. дом „Бреза“ – врв Лисец – Споменик на руските пилоти;
7. Богомила – с. Капиново - с. Нежилово – Планинарски дом „Чеплес“;
8. С. Бистрица - Бегови вирови (врв Кале) - с. Нежилово – Планинарски дом „Папрадиште“;
9. С. Бистрица - с. Црешнево - с. Капиново - с. Нежилово - Планинарски дом „Чеплес“;
10. Планинарски дом „Стровија“ (с. Стровија) – Орешка чука – Железничка станица „Ореше“;
11. Планинарски дом „Стровија“ – планина Бел Камен – Детски планинарски дом „Папрадиште“;
12. С. Горна Белица – Солунско поле – врв Солунска глава (преслап над Горна Бабина Дупка).
13. План. дом Папрадиште - Плавник - Горна Белица.

Sky Bet by bettingy.com

За нас

Logo Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Наш најистакнат член е... Повеќе