Тони Димитров

Роден: 27.03.1980
Член на: ПК Македон
Контакт: 072 243939 / Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Професија: Комуниколог и медиумски аналитичар
Обука за планинарски водичи при ФПСМ: 2016 година

Кратка биографија

Тони Димитров е страстен качувач на карпи и планинар кој е добро запознаен со сите врвови на целата територија на Македонија. Активен е како организатор на планинарски тури и искачувања посетени од странци и локалци. Дел е и од тимот на водичи на организацијата Balkan Vagabondz. Од другите спортови активен е и како виндсурфер и моментално е секретар во Едриличарската федерација на Македонија. Истотака е организатор на Reel Rock Film Tour во Македонија. Се занимава и со диџејство, создавање музика, радио, организирање настани, пишување за списанија и други активности компатибилни со неговиот динамичен социјален живот.