За клубот

Ова е официјален вебсајт на Планинарскиот клуб Македон од Скопје, Македонија.

Основачкото собрание на клубот е одржано на 02.04.2008 год. во салата за состаноци на општина Карпош. Целта на клубот е омасовување на планинарството посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови, без разлика дали се занимаваат рекреативно со планинарски спортови или активно со намера да постигнат врвни резултати.

Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Просечната старост на членовите на клубот е 31 годинa. Наш најистакнат член е Слободан Јованоски - Боби, член на Македонските Хималајски експедиции од 80-тите години.

Во изминатите шест години постоење, членовите на ПК Македон имаат реализирано и поголем број на искачувања надвор од границите на Македонија и тоа: Мон Блан во неколку наврати, Елбрус на Кавказ, Матерхорн, Аконкагва, Ајланд Пик, Ленин Пик и други.

За планинарското образование на своите членови, ПК Македон има формирано посебна комисија која организира предавања и теренски вежби, и тоа предавања после секој втор состанок на клубот, и теренски вежби соодветно со теоретските предавања.

Зачленувањата во клубот се прават на редовните состаноци. Членарината за 2017 година изнесува 350,00 денари и потребно е да се уплати на клубската жиро-сметка на Тутунска Банка: 210063535500109

View the embedded image gallery online at:
http://makedon.mk/za-nas#sigFreeId7a0ef012dc
Фотографии од основачко собрание на ПК Македон

Sky Bet by bettingy.com
  1. Извршен одбор
  2. Надзорен одбор
  3. Кординативни тела
Душко Петрушевски - Претседател ( 078 310 552)

Петар Ивановски - Секретар ( 075 322 059)

Славица Јошева - Благајник

Александар Кирковски

Љупчо Ќосев

Тони Димитров

Љупчо Дебарлиев
Мила Искреновиќ

Бојан Киров

Бојан Павлов

Координативно тело за планинарски дом Беличица

Николчо Петров - Претседател

Маријан Живановиќ

Анета Алексовска

Ангелина Јовевска

За нас

Logo Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Наш најистакнат член е... Повеќе