За трансверзалата

ПРОГРАМА ТРАНСВЕРЗАЛА „МАКЕДОН“

Програмата Трансверзала „Македон“ предвидува трасирање, расчистување и уредување на планинарските патеки на планината Јакупица вклучувајќи ги сите соседни планини почнувајќи од Воднона север, преку централно поставената Јакупица, Голешница на исток, Караџица на запад и Даутица на југ, како и поставување Патоказни табли покрај трасата и Информативни табли на почетните и крајните точки на Трансверзалата и нејзините споредни патеки.

ЦЕЛ НА ПРОГРАМАТА

Создавање на мрежа на уредени патеки со должина од околу 250 км, која ќе овозможи планинарски активности на жителите на 8 општини (две од Скопје) низ кои поминуваат трасите, како и организирање атрактивни аранжмани за останатите граѓани на РМ, како и за странски туристи. Покрај планинарските активности, ќе биде овозможен поголем развој и на други спортови на отворено, планинскиот велосипедизам, алпинизмот, спелеологијата, кои исто така би биле вклучени во туристичките аранжмани, како и етно-руралниот туризам.

СОДРЖИНА НА ПРОГРАМАТА

Основната планинарска патека на трансверзалата „Македон“ започнува од с. Горно Количани – план. дом „Китка“ – месност „Преслап“, мост на река Кадина – с. Алдинци – план. дом „Караџица“ – Споменик на руските пилоти – месност Здуње – план. дом „Исак Русо “ (Бегово поле) – врв Солунска глава – план. дом „Чеплес“ – план. дом „Папрадиште“ – желез. Станица Ореше. Почетна точка на Трансверзалата е Драчево како дел од Скопје, најголема урбана средина која гравитира кон трансверзалата.

Покрај основната траса на трансверзалата, вклучени се и следните споредни патеки:
1. С. Патишка река – Остри врв – планина Убава - Салакови езера – извор на р. Кадина – Јурукова карпа – врв Солунска глава;
2. С. Патишка река – врв Миленков камен – врв Караџица – Попово брдо – Солунско поле – Солунска глава);
3. Врв Крстовар (Водно) – Марков манастир – Планинарски дом „Караџица“;
4. Зелениково – врв Красна – Планинарски дом „Китка“;
5. План. дом „Бреза“ – врв Лисец – Споменик на руските пилоти;
6. Богомила – с. Капиново - с. Нежилово – Планинарски дом „Чеплес“;
7. С. Бистрица - Бегови вирови (врв Кале) - с. Нежилово – Планинарски дом „Чеплес“;
8. С. Бистрица - с. Црешнево - с. Капиново - с. Нежилово - Планинарски дом „Чеплес“;
9. Планинарски дом „Стровија“ (с. Стровија) – Орешка чука – Железничка станица „Ореше“;
10. Планинарски дом „Стровија“ – планина Бел Камен – Детски планинарски дом „Грин Пауер“ (с. Папрадиште);
11. С. Горна Белица – Солунско поле – врв Солунска глава (преслап над Горна Бабина Дупка).

Патеките на Трансверзалата опфаќаат седум активни планинарски домови:
1. „Даре Џамбас“ на Водно, општина Центар – Скопје;
2. „Китка“ на планината Китка, општина Студеничани;
3. „Караџица“ на план. Мумџица, општина Студеничани;
4. „Белица“ во с. Горна Белица, општина Македонски Брод;
5. „Папрадиште“ во с. Папрадиште, општина Чашка;
6. „Чеплес“ на јужната падина на Јакупица, општина Чашка;
7. „Стровија“ во с. Стровија, општина Долнени.

Патеката на Трансверзалата поминува покрај неактивниот план. дом „Исак Русо“ кој е лоциран на Бегово поле под врвот Солунска глава, истиот заради неодржување е во фаза на разрушување. Исто така и план. дом „Бреза“ е неактивен и во фаза на разрушување.

Sky Bet by bettingy.com

За нас

Logo Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Наш најистакнат член е... Повеќе