Зимска опрема за планинарење

За зимски акции потребна ви е целата опрема која ја користите во останатите три сезони. Покрај тоа, потребни ви се добри зимски чевли, гамаши за заштита од снег, заштитна јакна од ветер, студ и влажност, топла долна облека, заштита од сонце, резервна облека, и доволно топли течности и храна.

Задолжително, цепин и дерези. Иако можеби условите на почеток на акцијата покажуваат поинаку, бидејќи условите во зима се менуваат со височината и со времето, треба да носите цепин и дерези. Ако на нозете имате дерези, во рацете треба да имате цепин (планинарските стапчиња се прикачуваат на ранецот).

Што да им препорачаме на тие кои немаат искуство со акции во зимски услови?
Им препорачуваме да се вклучат во планинарските друштва и да се движат низ планините под водство на планинарски водичи. Прашувајте ги планинарските водичи, советувајте се со нив, искрено кажете им го своето искуство од движење во зимски услови. Планинарскиот водич при ФПСМ ќе ви препорача акција соодветна на вашето искуство.

Гамашни

За да спречиме влегување на снег во чевлите од горе употребуваме гамашни. Ако имаме облечено планинарски панталони до колена гамашните треба да се до под колена. Кога имаме долги ногавици гамашите може да досегнуваат само до зглобовите, таканаречени „зглобни гамашни“. Има и такви чевли во кои гамашните се составен дел од чевлите.

Цепин

Цепинот е прва работа која ни е потребна за безбедно одење по стрмни, снежни или замрзнати, но и по тревни падини. Цепинот ни помага при одење нагоре, надолу или попреку, ни служи за копање стапки, за „држачи“, за изработка на бивак, за изработка на сидриште за осигурување, за спуштање по јаже итн. И што е најважно со него, ако се лизнеме, може да се запреме во снегот. Кога одиме по рамна или по умерено коса падина цепинот може да го употребуваме и како планинарско стапче. Притоа го држиме така што лопатката е свртена во насока на одењето, а клунот е свртен наназад и бочно од телото.

Дерези

Кога снегот ќе стане тврд и мазен ѓоновите на чевлите повеќе не се безбедни за сигурно чекорење. Во таков случај треба да употребиме дерези. Кога имаме дерези на нозете треба да одиме со раширени нозе за да не ги скинеме гамашите, односно ногавиците.

Во прилог може да го превземете PDF документот од Федерација на планинарски спортови каде поопширно се разработени овие теми, како и упатства и насоки за движење во зимски услови на планина. Истотака покрај зимската опрема за планинарење што ви е потребно за безбедно движење воопшто во планина овде.

Сигурно движење на планина во зимски услови

Sky Bet by bettingy.com

За нас

Logo Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Наш најистакнат член е... Повеќе