10 корисни совети за планинари почетници

  1. Прилагоди ги своите цели и активности на моменталната кондиција. Секое претерување е опасно;
  2. Исхраната базирај ја на комплексни јагленохидрати;
  3. Пиј често, но не алкохол за време на тура. Алкохолот ја намалува силата и будноста, па затоа мора да се избегнува за време на тури и качување;
  4. Првиот половина час оди полека за телото да се загрее;
  5. Одмор, јадење и течности по можност да се конзумира секој половина час. Треба да се јаде малку и да се пие многу дури и кога не сте гладни и жедни (тогаш е поважно тоа);
  6. Ако се појават знаци на замор и исцрпеност, одмори се подолго или разгледај ја можноста за откажување од турата. За време на одморот не јади само гликоза, туку и сложени, комплексни јагленохидрати. Доколку имаш знаци на сериозна исцрпеност, можно е да се работи за премрзнатост – хипотермија или за тешка исцрпеност – акутна планинска болест;
  7. Децата и старите лица како и лицата кои што боледуваат од хронични болести можат да планинарат но со максимално внимание. Ако постои сомнеж консултирајте лекар;
  8. На планинарење на височини над 2500 – 3000мнв зголемувај ја висината на која што спиеш, не повеќе од 300мнв во 24 часа. Доколку е можно, не спиј на најголемата висина која си ја постигнал/а тој ден;
  9. Дури и во најмалиот ранец има доволно простор за основна опрема. Никогаш не заборавај наочари за сонце, ракавици, капа, бивак вреќа, резервна облека, свеќи и кибрит, светилка и прва помош;
  10. Барај совет од искусни локални познавачи на патеката, информирај се за климатските и временските промени пред почетокот на турата.
  • Scout Nomad Mobility Garmin Intersport Step Marketi Stop&Go