Аконкагва 6962 мнв – Македонски брзински рекорд 2019

Брзинско искачување на највисокиот врв во Јужна Америка

Локација: Планински масив Анди (Аргентина)       

Време на реализација: 15.01.2019 - 07.02.2019

ОПИС: Скајранинг-от (на англиски: Skyrunning / превод: небесно трчање) е дел од групата на екстремни планински спортови и се одвива на надморска височина од над 2000 метри, каде наклонот надминува 30º. Оваа дисциплина е под капата на светската скајранинг федерација (IFS) која е дел од UIAA – Интернационалната федерација за планинарење и качување. Со развојот на скајранингот во раните 90-ти години започнува нова ера на брзинско искачување на врвовите најпрво низ Алпите и потоа низ целиот свет се до Хималаите, каде се поставуваат се повисоки критериуми и постигнувања кои претходно биле незамисливи.

Како резултат на овој тренд две години по ред македонски тим зема учество на екстремната трка “Ред-Фокс Елбрус“ до највисокиот врв во Европа на 5642 мнв притоа постигнувјќи забележителни резултати и македонски брзински рекорд од страна на Александар Кирковски од 5 часа и 18 минути. Во август 2017 година како дел од проектот на ФПСМ “Брзински искачувања на Алпите“ Александар постави и македонски рекорд на Мон Блан 4810 мнв за успон и спуст на врвот со време 6 часа 26 минути и Ортлер 3905 мнв за 3 часа 11 минути. Во 2018 година следеа успесите на Мон Блан до врвот и назад од италијанската страна (9 часа 58 минути), Матерхорн 4478 мнв (7 часа 01 минута) и Гран Парадисо 4167 мнв (4 часа 43 минути).

Врвот Аконкагва со 6963 мнв се наоѓа на планинскиот масив Анди во Аргентина (Јужна Америка) и претставува највисок врв на западната и јужната земјина хемисфера. Брзинското искачување на Аконкагва 6963 мнв ќе значи продолжување на трендот на успеси, а преку овој проект македонскиот планинарски спорт ќе има можност за постигнување на врвен резултат на една исклучителна планина, реткост во светски рамки.

Во таа насока се обраќаме до сите Вас, пријатели и поддржувачи на спортот, за финансиска помош во рамки на можностите и соработка во реализација на проектот “Аконкагва - Брзинско искачување 2019“. Ова воедно ќе претставува одлична можност за Ваша презентација, а ваше обележје ќе биде истакнато на сите наведени врвови и промотивни материјали од овој потфат.

КОНТАКТ: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. / 070390540

 

Тимот во проектот “Аконкагва - Брзинско искачување 2019“:

Александар Кирковски - водич на експедицијата

Петар Ивановски

Димитар Тодоровски

 

Сметка: 300 000 000 754 114 (Комерцијална Банка - Скопје) / Федерација на планинарски спортови

Сметка: 210 063 535 500 109 (Тутунска Банка) / Планинарски клуб Македон

* со назнака за "Аконкагва - Брзинско искачување 2019"

 

 

Sky Bet by bettingy.com

Промо видео

-5°C

Скопје

Чисто

Влажност: 85%

Ветер: 6.44 km/h

  • 12 Дек 2018

    3°C -4°C

  • 13 Дек 2018

    1°C -3°C

clenstvo
Членарината за 2018 година во ПК Македон изнесува 350 денари, вклучувајќи и осигурување до 3000 мнв.

Повеќе
about
Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со...

Повеќе