Кампување во Трпеица јули 2010

16.07.2010

КПС Македон во месец јули го организираше традиционалното кампување на Трпеица, во подножјето на Галичица. Овојпат ни се придружија и членови на друштвото Два Камна од Кичево и друштвото Китка од Скопје.

Од 16ти до 18ти, речиси три дена, имавме време за се. Во саботата во раните утрински часови се насочивме кон врвот Магаро. Иако рано, топлото сонце ни го најави своето присуство уште кај 7 и30 часот, време кога и искочивме од шумата и кога немаше повеќе сенки. Темпото беше прилагодено кон сите. Дуле уште еднаш се докажа како одличен водач. Стигнавме до место, пред врвот, од каде ги здогледавме двете езера. Величенствена глетка. Особено за оние кои што по прв пат се на Галичица. Имавме фотосесија која траеше 20тина минути. Ни фалеше главниот фотограф кој што беше веќе насочен кон врвот. И ние се насочивме тамо. Така, за брзо време бевме на Магаро 2245мнв.&nbsp

Малку ветре кое не освежи дополнето со кафенце, овошје и слично. Конечно групна фотографија. Поглед кон Албанија, Подградец, целото крајбрежје кон Охрид, од другата страна пак, Преспанско кон Асамати и Претор.&nbsp

За враќање, одевме по околната патека. По пат сретнавме човек од Националниот парк Галичица кој ни оддржа прекрасно предавање за настанувањето на планината, казаните кои ги видовме, ендемичната флора и фауна. На право место, во право време. По повеќето прашања, требаше да го продолжиме патот, па затоа следеше срдечен поздрав и „до скоро видување“. Надоле пред шумата,а и кога влеговме, почна да ни врне. Духот не ни падна. За тоа највеќе е заслужен Роко кој по пат, во автентична атмосвера ни изведуваше монодрама од Илинденското востание и главните негови јунаци.&nbsp

Веќе пред излегување од шумата, престана и дождот. Тогаш сите ги здогледавме Шумските Јаготки. Ги имаше толку многу. Патеката ја нарековме „По патот на јаготките“.&nbsp

…И така помина искачувањето во саботата. Попладнето го оставивме за одмор, малку бањање и вечерна забава, во прекрасна глетка на ѕвезденото небо и фенерите од Трпеица кои одблеснуваа во езерото.

Неделата ја искористивме за капење и посета на Св. Заум.

Прекрасен викенд. Да ги набројам и сите кои што беа: Дуле, Виктор, Петар, Мартин, Ивана, Марија,Елена, Никола, Лиле, Лиле, Билјана, Роко, Гога, Гоца и Јас.

Искра Геразова

{gallery}akcii/2010/trpeica2010{/gallery}

Назад кон извештаите
Scroll Up
  • Scout Nomad Mobility Garmin Step Marketi Stop&Go