Љуботен, јануари 2010

16.01.2010

Почитувани другари, планинари и планинарки. Љуботен како алтернатива за едно убаво искачување одсекогаш постои. Така испадна и овој викенд. Во деновите 16 и 17.01.2010 години по едно трауматично пребројување на пријавени луѓе и коли, група од 14 ентузијасти со 4 коли тргна кон Старо Село, традиционално појдовна точка кон домот и врвот Љуботен. 

Последните осум души тргнавме од Скопје во 16.15 часот натенане до Старо Село од каде во 17.40 тргнавме со високо дигнато чело и лампи на него. Денот веке беше одминат а ноѓта сигурно се спушташе. Патот помалку покриен со снег а и снег кој помалку врнуцкаше го изминавме пополека до домот каде стигнавме во 20.00 часот. Веке најавени кај домарот Митко, се сместивме по собите каде беа сместени и други планинари. На шала на смеа но не имаше едно 20-тина од двата пола. Особено кеиф ми направи еден пар кој со шатор се смести во дворот на домот. Им завидувавме сите. Топ! Не верувам дека им било нешто поладно, нарпотив.

Митко ко Митко, веке припремил чорби, макарони, закуски, компири…Но и Марија ко Марија – од еден обичен муабет во „Мала Станица“ не издржа да не го испроба рецептот за специјални палачинки и ко за проба направи 50 кила мислам. Дејан знае бидејки тој ги носеше. Неможејки да им одолееме на сите предизвици, вицови, муабети, смеења и опуштања, негде по полноќ си полегавме. Собите традиционално ладни, но со некое кебе плус спиењето се погоди.&nbsp

Договорено беше да се тргне околу 07.30 но ние си го продолживме припремањето до 08.10 кога тргнавме низ маглата која не пратеше едно саат време кога едноставно над нас се отвори прекрасно сончано небо. Да ти застене здивот од глетката нагоре но и надоле, каде маглата остана како во непто да врие во котел. Во далечина се гледаше скоро целиот масив на шара. Еее, за ова се оди во планина.&nbsp

Теренот од домот нагоре беше прекриен со снег, не многу длабок но секако лизгав на места. Дерезите се покажаа како добар избор. Лизгањето на останатите малку го успори движењето исто како и ладниот ветер кој едноставно сечеше како што се приближувавме кон сртот и врвот. Една група од нас кои тргнавме нагоре на врвот стигнавме во 11.00 часот но искрен да бидам неможевме да издржиме подолго од 5-10 минути колку дуваше ладен ветар. Од оние кои тргнавме од Скопје до врв дојдоа 10 члена.

Надоле исто така полека но не и опуштено да не се лизне некој, стигнавме околу 14 часот. Окрепување со топла супа, рестован компир со сланина (специјалитет на Митко), благите работи од она што останало, обавезно тука беа и палачинките на Марија, мислам дека три недели би ги јале, ни дадоа дополнителна сила за газењето снег надоле.&nbsp

По едно 2 часа си ги најдовме колите на исто место каде ги оставивме и пат за Скопје. Немаше човек од оваа група кој не беше задоволен од целиот викенд, престојот во домот, качувањето и глетките кои се прикажуваа од врвот. Што се однесува до културно – забавниот живот нема што да се додаде, а ни да се одземе, стандардна процедура која победува секогаш. Добро друштво пред се е предзнак за добар провод. Останатото доваѓа од ранец и визба. Палачинките мислам дека треба да се повторат, не дека не беа добри него што ги јадеме много.&nbsp

Позрав до Марија, Дејан, Петар, Ивана и Мартин и неговите тројца пајташи, Никола и Верче, Ана (Брачо) и Иван из суседне Италије и благодарност што го истрошивме овој викенд на најубав начин.

Макси

Макси и Никола

{gallery}akcii/2010/ljubotenjan2010{/gallery}

Назад кон извештаите
Scroll Up
  • Scout Nomad Mobility Garmin Step Marketi Stop&Go